Свет
Војската брутално убива по улиците на Триполи
Силите лојални на либискиот лидер Гадафи убија најмалку двајца демонстранти во обновените протести против неговото владеење во Триполи, додека тој самиот неочекувано се појави пред група свои поддржувачи на централниот Зелен плоштад во престолнината за да одржи говор, пренесува Reuters
Телевизијата Al Jazeera јави дека најмалку двајца демонстранти биле убиени, а неколкумина ранети во жестоките престрелки во повеќе делови на Триполи. Телевизијата Al Arabiya, пак, јавува за најмалку седуммина загинати и повеќе десетици повредени. Кон крајот на денот поголемиот дел на демонстрантите биле разбиени, но се уште имало групи кој ја продолжувале борбата со силите лојални на водачот Моамер ел-Гадафи, јавуваат локални жители.Странските новинари не можат да се движат низ градот и се затворени во хотелите, каде ги чуваат приврзаниците на Гадафи, поради што не можат да се добијат независни информации за состојбата во градот. Вечерва на централниот плоштад на Триполи, Зелениот плоштад, ненадејно се појавил и самиот Гадафи, кој пред поголема група свои приврзаници одржал жесток говор во кој истакнал дека „ќе се бори и до самиот крај“.„Ќе се бориме, ако така сакаат. Подготвени сме да триумфираме над непријателот. Ние ќе го поразиме секој обид од странство, како што ги поразивме италијанскиот колонијализам и американските воздушни напади“, рекол Гадафи, искачен на висок камен ѕид. Тој додал и дека наскоро ќе ги вооружи и припадниците на племињата кои му останале лојални, со што уште повеќе се зголемуваат шансите за граѓански судир од огромни размери во земјата кја е составена од голем број на племиња. Во очајнички обид да го придобие народот, владата на Гадафи денеска преку државната телевизија соопшти дека ќе ги зголеми платите на вработените во јавната администрација и во државните компании, а понуди и други бенефиции и субвенции. Според се’ судејќи, се чини дека Триполи и околината, каде што силите на Гадафи успеаја да ги задушат првичните обиди за бунт, се последните упоришта , откако бунтовниците го ставија под своја контрола целиот источен дел на земјата, а стигнуваат извештаи за заземени делови и од западниот дел. Според очевидци, дури и во Триполи можат да се видат групи на демонстранти кои во одредени делови на градот се движат сосема слободно.Завија, град каде што е сместена најголемата рафинерија во земјата и кој се наоѓа на главниот крајбрежен автопат на 50 километри западно од Триполи, неколку дена по ред успешно ги одбива обидите на владините сили повторно да го заземат и останува во рацете на бунтовниците. Очевидците кои успеале да избегаат од градот велат дека насекаде лежат расфрлани мртви тела и дека околу градот има голем број на контролни пунктови на владините сили, но тие немаат пристап внатре во градот. Извештаите говорат и дека третиот по големина град во Либија, Мисрата, на 200 километри источно од Триполи е целосно во рацете на бунтовниците. И овие извештаи не можат да се потврдат поради речиси непостоечките телефонски и интернет врски. Оние странски репортери кои успеале да стигнат до западниот дел на земјата велат дека контролните пунктови на автопатиштата ги држат силите лојални на Гадафи. На истокот на земјата, каде што се наоѓа најголемиот дел од наоѓалиштата на нафта, бунтовниците ја преземаа целата контрола, а на нивна страна преминаа и речиси си те воени единици кои беа стационирани таму,. По четиридецениското владеење на Гадафи во земјата не постои организирана политичка опозиција, но на истокот набрзина составени комитети од адвокати, доктори, племенски старешини и припадници на армијата ја пополнуваат празнината направена по протерувањето на администрацијата лојална на Гадафи. Засега нема никаков знак од радикалните исламисти, кои Гадафи ги обвини за разгорување на бунтот. Меѓународната заедница, засега, покрај вербалните осуди за реакцијата на режимот на Гадафи на демонстрациите не излезе со конкретни идеи за акции кои би се преземале за да се стави крај на крвопролевањето во Либија, бидејќи повеќето се фокусирани на тоа да ги извлечат своите сонародници кои останаа заглавени во земјата. Денеска своја седница одржува и Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се дискутира за британско-францускиот предлог за санкции кон либиските лидери.Истовремено, швајцарската влада објави дека издала наредба за замрзнување на сиот имот на семејството Гадафи кој се наоѓа во банките во таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

