Свет
Запленети речиси осум тони марихуана

NULL
Колумбиската полиција заплени 7,9 тони марихуана во вредност од 700.000 долари. Марихуаната е запленета во три операции во Меделин, на северозападот на земјата во Мети и во централна Колумбија. Како што соопшти полицијата, во првата операција биле запленети 5,6 тони марихуана во еден камион во Меделин, втор по големина град во земјата. Возачот и уште две особи кои биле во камионот се приведени. На подрачјето на Мета се запленети 2,2 тони марихуана. Полицијата се сомнева дека запленетата марихуана им припаѓа на припадниците на бунтовничката Фрац – Револуционарни вооружени сили. Групата е основана во 1964 година и активна е на речиси половна територија на Колумбија. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.