Свет
Еден загинат, 11 повредени во протестите во Ирак
NULL
Едно лице загина, а 11 се повредени во вчерашните протести на северниот дел на Ирак, додека највлијателниот ирачки шиитски верски водач Ајатолах Али ал Систани ги повика политичарите да одговорат на барањето на демонстрантите за спроведување на реформи.
Околу 2.000 демонстранти во центарот на градот Сулејманија протестираат поради лошите основни јавни услуги, а во западниот град Фалуџа се собраа околу 100 лица, јави Ројтерс.
Систани ја повика ирачката влада и парламентот да превземат сериозни чекори за да го подобрат снабдувањето со електрична енергија, да обезбедат работни места и да ја намалат корупцијата во земјата.
Ајатолах Систани ретко во јавноста се занимава со политички прашања, а помеѓу ирачките шиити има големо влијание.
Најмалку 10 лица загинаа, а десетина лица се повредени во протестите на повеќе од илјада ирачани кои се одвиваа во некои делови од арапскиот свет. /крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

