Свет
Пјонгјанг му се закани на Сеул
Северна Кореја денеска се закани со напад на припадниците на воената вежба на војската на САД и Јужна Кореја, предвидени наредната недела, пренесе агенцијата на Северна Кореја, KCNA
Пјонгјанг ќе одговори на вежбите предвидени да почнат од понеделник „за да го претвори Сеул во ‘огнено море’, наведе агенцијата и додаде дека Северна Кореја се заканила дека ќе ја нападне Јужна Кореја ако ја продолжи својата пропаганда.Војниците на Северна Кореја „директно ќе ги нападнат“ метите во пограничната зона каде војниците на Јужна Кореја пуштаат балони со „антивладини пораки“, додава KCNA.Минатата година тензиите помеѓу двата дела на поделената Кореја достигнаа највисоко ниво во последниве неколку децении, откако Пјонгјанг беше обвинет за потопувањето на јужнокорејскиот воен брод, при што загинаа 46 морнари. Во ноември северот истрела неколку артилериски гранати врз спорниот остров Јеонпјеонг на самата поморска граница помеѓу двете Кореи, при што загинаа четири лица. Веднаш потоа Јужна Кореја и САД одржаа неколку воени вежби во близина на административната граница, што во Пјонгјанг беше протолкувано како провокација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

