Свет
Повеќе од 100 убиени во Сомалија во операцијата против милитантите
Најмалку 115 луѓе загинаа последните неколку дена во Сомалија, во текот на спроведувањето на акцијата владините трупи против борците поврзани со терористичката организација Ал Каеда, пренесува во неделата Assocaited Press
За време на борбите кои почнаa во средата, загинале 49 цивили а 157 повредени, соопшти минситерот за здравство, Али Муса. Убиени се и 60 милитанти и шест мировници, изјави Бијреке Флоредет, претставник на бурундскиот мироовен контингент на Африканската унија. Сомалиската влада веќе неколку години најавува голема воена операција против милитантите. Меѓутоа, слабо обучените и координирани владини сили се уште не можат да остварат позначаен успех во борбата против исламистичките борциСомалија престана да постои како унитарна држава во 1991 г., со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре, кој владееше од крајот на 1960-тите. Во моментов, како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава Федералната влада на Сомалија, но таа контролира само дел од главниот град Могадишу. Останатите делови од Сомалија се под контрола на непризнаети државни структури или територии кои прогласија самоуправа, чии раководства имаат различни, понекогаш остро спротивставени ставови по прашањето за обединувањето под власт на Могадишу. Африканската унија распоред свои мировни сили кои бројат три ипол илјади војници, кои дејствуваат во рамките на мандатот на Советот за безбедност на ОН и се состојат главно од војници од Уганда и од Бурунди. Судири на владините трупи и сомалиски мировниците на Африканската унија со милитантите кои го контролираат југот на Сомалија, се речиси секојдневни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

