Свет
Шиити и сунити на протестите во Бахреин
Илјадници демонстранти излегоа на нов протестен марш на улиците на Манама, главниот град на Бахреин.
Илјадници демонстранти излегоа на нов протестен марш на улиците на Манама, главниот град на Бахреин. Демонстрантите со овој марш сакаат да го демонстрираат единството помеѓу шиитите и сунитите во малото кралство Бахреин. На 14 февруари започнаа протестите со кои се бараат политички промени на островот со кој веќе 200 години владее сунитска династија.„Ние сите сме браќа, шиити и сунити“, извикуваа учесниците на протестот во Манама, пренесува АФП. Опозицијата која во голем број ја сочинуваат шиити, одби да се вклучи во националниот дијалог, кој го предложи кралот Хамад бен Иса Ал Калиф. Опозицијата во Бахреин за започнување на дијалог однапред бара оставка на целата влада. Демонстрантите кои со денови се на Плоштадот бисер во центарот на Манама, имаат порадикални барања, тие бараат смена на династијата Ал Калиф. Поради немирите во Бахреин загриженост покажаа САД, чија Петта флота има седиште во оваа земја. Вашингтон е загрижен поради можното влијание на соседниот Иран и неговата шиитска теократија. крај/afp/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

