Свет
Стив Џобс се појави на претставувањето на најновата верзија на iPad

Болниот извршен директор на Apple ,Стив Џобс, изненадувачки се појави на настан по повод претставувањето на најновата верзија на iPad.
Болниот извршен директор на Apple ,Стив Џобс, изненадувачки се појави на настан по повод претставувањето на најновата верзија на iPad. „Работевме доста долго за овој производ и едноставно не сакам да го пропуштам овој прекрасен ден”, изјавил Џобс, кој изгледал доста слаб, но релативно здрав. Педесет и шестгодишниот директор на Apple беше подложен на лекарски третман на неопределен период на 17 јануари. Тој му ја предаде функцијата на Тим Кук. Џобс беше опериран од рак на панкреасот во 2004 година и му беше трансплантиран црниот дроб во почетокот на 2009 година / крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаразени со коронавирус, 16 починати

Според последните податоци, коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани на Србија, а биле тестирани 16.175 примероци. Уште 16 лица починале како резултат на заразата.
Во моментов има 161 пациент на апарати за дишење.
Вкупниот број на смртни случаи е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти.
Од ден на ден расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од ковид. Во изминатите неколку дена, најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и Врање.
Европа
Словачка воведува полициски час

Словачка од вечерва ќе воведе полициски час, изјави министерот за здравство Марек Крајчи.
Според владината одлука, на Словаците нема да им биде дозволено да ја напуштат куќата од 20 часот до 5 часот наутро.
На луѓето им се препорачува да останат дома, исклучок е доколку треба да одат на лекар, на работа или на прошетка за рекреација или со кучиња. Полицискиот час ќе биде задолжителен до 19 март и може да биде продолжен, известуваат од владата на Словачка.
Земјата со 5,4 милиони жители во последните две недели има пријавено просечно 24 смртни случаи на 100.000 жители, јавуваат светските агенции.
„Високата стапка на смртност се должи на многу фактори, Словачка направи голем број грешки “, рече претседателот на медицинскиот синдикат Питер Висолајски.
„Карантинот беше воведен предоцна и не беше доволно набљудуван. Покрај тоа, стапката на смртност е последица на општо лошата здравствена состојба во Словачка”, рече Висолајски.
Според него, наместо да се воведуваат нови ограничувања, подобро е да се применат постојните за да се намали бројот на заразени лица.
Европа
Мишел: Санкциите против Москва го покажаа единството на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека санкциите на ЕУ поради постапките на Москва против Навални, покажаа дека ЕУ е обединета во одбраната на своите интереси.
Кремљ претходно го намали влијанието на санкциите наметнати од САД и Европската Унија, но рече дека ќе возврати со реципрочни мерки, објави „Ројтерс“.
„Одлучивме да примениме санкции поради случајот Навални. Тоа значи дека сме целосно посветени и обединети во Европа за да бидеме силни, многу силни со цел да ги промовираме нашите вредности, да ги браниме нашите интереси”, рече Шарл Мишел во Киев, каде што зборуваше со претседателот на Украина Володимир Зеленски.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер