Свет
Кина го зголемува воениот буџет за 12 отсто
Официјалното владино соопштение дека Кина во 2011 година планира воениот буџет да го зголеми за 12,7 отсто, на 601,1 милијарди јуани, односно на 9,5 милијарди долари, предизвика загриженост во регионот, веќе вознемирен поради зајакнувањето на кинеската воена моќ.
Официјалното владино соопштение дека Кина во 2011 година планира воениот буџет да го зголеми за 12,7 отсто, на 601,1 милијарди јуани, односно на 9,5 милијарди долари, предизвика загриженост во регионот, веќе вознемирен поради зајакнувањето на кинеската воена моќ.Веста за зголемувањето на воениот буџет стигнува ден пред годишниот Национален народен конгрес, на кој комунистичката партија треба да го изнесе својот петгодишен план, а некои аналитичари тврдат дека вистинската сума може да биде дури и поголема.Кина во изминатите години забележително ја засилува својата војска. Во 2010 година воениот буџет беше зголемен за 7,5 отсто, додека претходните години зголемувањата беа двоцифрени.Претседателот на кинескиот парламент тврди дека сегашното зголемување е оправдано и дека кинеските издвојувања за одбрана споредено со светските стандарди се релативно мали.Иако тој истакнува дека кинескиот воен буџет е значително помал од американскиот, тоа не ги смирува земјите од регионот како што се Јапонија и Тајван, кои со Кина имаат територијални спорови.Меѓународните аналитичари, сепак, веруваат дека шансите за воен судир околу спорните територии во регионот се мали, бидејќи територијалните претензии за Кина се од второстепено значење во споредба со економскиот раст и стабилноста на земјата./крај/бл/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

