Свет
Кина го зголемува воениот буџет
Официјалното владино соопштение дека Кина во 2011 г. планира воениот буџет да го зголеми за 12,7 отсто, на 601,1 милијарди јуани, односно на 9,5 милијарди долари, предизвика загриженост во регионот, веќе вознемирен поради зајакнувањето на кинеската воена моќ
Веста за зголемувањето на воениот буџет стигнува ден пред годишниот Национален народен конгрес, на кој комунистичката партија треба да го изнесе својот петгодишен план, а некои аналитичари тврдат дека вистинската сума може да биде дури и поголема.Кина во изминатите години забележително ја засилува својата војска. Во 2010 година воениот буџет беше зголемен за 7,5 отсто, додека претходните години зголемувањата беа двоцифрени.Претседателот на кинескиот парламент тврди дека сегашното зголемување е оправдано и дека кинеските издвојувања за одбрана споредено со светските стандарди се релативно мали.Иако тој истакнува дека кинескиот воен буџет е значително помал од американскиот, тоа не ги смирува земјите од регионот како што се Јапонија и Тајван, кои со Кина имаат територијални спорови.Меѓународните аналитичари, сепак, веруваат дека шансите за воен судир околу спорните територии во регионот се мали, бидејќи територијалните претензии за Кина се од второстепено значење во споредба со економскиот раст и стабилноста на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

