Свет
По 33 години добила милион долари отштета за незгода во хотел
Индиски суд и додели милион долари како обештетување на Австралијка, 33 години, откако таа се парализирала при пад во базен во хотел во Њу Делхи, јавува Би Би Си.
Индиски суд и додели милион долари како обештетување на Австралијка, 33 години, откако таа се парализирала при пад во базен во хотел во Њу Делхи, јавува Би Би Си. Сузан Ли Бир се лизнала на влажниот под во хотелот Акбар во мај 1978 година, по што се здобила со тешки повреди на главата. Врховниот суд во Делхи го прогласи хотелот за виновен поради невнимание, отфрлајќи ја одбраната дека госпоѓа Бир е виновна за инцидентот. Бир изразила задоволство што судскиот процес конечно завршил со оглед на тоа дека Индија има еден од најбавните судски системи во светот. „Тоа беше фрустрирачка, тешка и долга борба за сите нас. Дозволете ни да се помолиме што дојде крајот на овој кошмар”, изјавила Бир, која сега е во инвалидска количка за „Тајмс оф Индија. Весникот објави дека тоа е една од највисоките оштети што некогаш се досудени во Индија. Бир, член на поло тимот на Квинсленд, имала 18 години кога ја посетила Индија на одмор заедно со нејзините родители и братот. Таа се лизнала и паднала, удирајќи ја главата откако скокнала во базенот прекриен со алги во хотелот Акбар.Врховниот суд пресудил дека Корпорацијата за развој на туризмот во Индија, во чија сопственост е хотелот, биле несовесни, што не го одржувале базенот чист. Судот наредил корпорацијата да плати 50 милиони рупии (1.1милиони долари) отшетата на Бир. Износот ги зема предвид потенцијалните загуби на приходи како резултат на нејзините повреди. /крај/ббц/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.