Свет
Косовскиот Албанец сам го планирал нападот во Франкфурт
Заменик државниот јавен обвинител на Германија, Рајнер Грисбаум, денеска во Кaрлсруе изјави дека косовскиот Албанец само го испланирал нападот на американските војници на аеродромот во Франкфурт. Грисбаум дополни дека нема индиции дека тој и припаѓал на некоја терористичка група.
Заменик државниот јавен обвинител на Германија, Рајнер Грисбаум, денеска во Кaрлсруе изјави дека косовскиот Албанец само го испланирал нападот на американските војници на аеродромот во Франкфурт. Грисбаум дополни дека нема индиции дека тој и припаѓал на некоја терористичка група. Германското државно обвинителство во Карлсруе по нападот на американските војници веднаш започна истрага за случајот, а медиумите оценија дека по се` изгледа се работи за политички мотивиран злочин. Напаѓачот, кого властите во Приштина го идентификуваа како Арид Уку, бил под исламистичко влијание и посетувал одредени исламистички интернет страници, рече Грисбаум. Во средата, Уку во автобус на војската на САД, на аеродромот во Франкфурт уби двајца американски војници. Во нападот беа ранети други двајца припадници на армијата на САД. Косовскиот Албанец според сознанијата на германските медиуми бил човек кој ја мрзел Германија. Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка, Ангела Меркел го осудија овој злочин и побараа итна разрешница на целиот случај. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

