Свет
Тенковите на Гадафи го бомбардираат централниот плоштад во Завија
Единиците лојални на либискиот водач Моамер ел-Гадафи го продолжуваат нападот на градот Аз-Завија кој се уште е во рацете на бунтовниците, а центарот на градот е бомбардиран од тенкови, додека бројот на жртвите во борбите се искачи на 60 лица, јавува британската телевизија Sky news
Во саботата, градот којшто го контролираат вооружените сили формирани од бунтовниците, беше опколен од владините сили. Во борбата, како што јавува британската телевизија, учествуваат и две оклопни бригади. Една од нив е бригадата „Хармис“, којашто се смета за елитна воена единица со којашто командува еден од синовите на полковникот Гадафи. Не се познати точните загуби на двете страни. Претходно еден лекар за Reuters изјави дека во Градската полска болница биле донесени телата на повеќе од 30 убиени цивили. Според Sky news, бројката загинати во дводневните судир во градот изнесува повеќе од 60 лица. Бунтовниците ја преземаа контролата врз градот Аз-Завија на крајот од февруари и тој им послужи како отскочна даска за организацијата на офанзивата кон главниот град на земјата. Телевизијата Al Arabia претходно во петокот јави дека лојалистите разбиле една од одбранбените позиции на бунтовници и навлегле по улиците на градот. Меѓутоа приврзаниците на опозицијата во саботата зијавија дека го одбиле нападот на владините трупи кои се обиделе да ги преземат Аз-Завија на јуриш. Од 15-ти февруари во либискиот провинции избувна револуција со која противниците на режимот бараат соборување на полковникот Моамер ел-Гадафи кој е на чело на државата повеќе од четири децении. Тој ја отфрли таквата можност и презеде жестока контра-офанзива врз пзоициите на бунтовниците. Според меѓународните организации, во обидот за насилно задушување на бунтот против режимот, во судирите меѓу опозицските сили против лојалистите и странски платеници убиени се околу шест илјади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

