Свет
Јужен Судан: 64 мртви во судирите на војската и полицијата

Шеесет и четири луѓе загинаа во јужен Судан во судирите на припадниците на јужносуданската војска за ослободување на суданскиот народ (СПЛА) и бунтовничката полиција, соопшти денеска СПЛА, пренесуваат светските медиуми.
Шеесет и четири луѓе загинаа во јужен Судан во судирите на припадниците на јужносуданската војска за ослободување на суданскиот народ (СПЛА) и бунтовничката полиција, соопшти денеска СПЛА, пренесуваат светските медиуми.„Бунтовниците вчера го нападнаа кампот на СПЛА во државата Горен Нил (на југот на Судан) и ние возвративме, што резултираше со смрт на 57 припадници на полицијата и седум војници на СПЛА“, рекол портпаролот на СПЛА од Јужен Судан, Филип Агвер за кинеската новинска агенција Синхуа.Агвер ги повтори обвинувањата дека владата на северен Судан ја вооружува полицијата во обид да го дестабилизира регионот и додава дека има знаци на ескалирање на нападите позади кои стои владата во Картум, пренесува агенцијата Ројтерс на својот сајт.Северот и југот на Судан војуваат повеќе од две децении, и во судирите кои завршија во 2005 година, загинаа повеќе од два милиони луѓе.Јужен Судан минатиот месец на референдум со огромно мнозинство изгласа отцепување од северот на земјата. Јужен Судан формално би требало да стане независен во јули.Во последно време зачестија судирите особено во зоната на разграничување на северот и југот, која е богата со нафта./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Вакцинацијата со „епивак корона“ започнува во втората половина на март

Имунизацијата со вакцината „епивак корона“, развиена од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, ќе започне во втората половина на март, изјави генералниот директор на центарот, Ринат Максиутов за „Русија-1“ Вести.
„Нашите сограѓани ќе можат да се вакцинираат (со „епивак корона“) почнувајќи од втората половина на март“, рече тој, пренесе ТАСС.
Во октомври 2020 година, „епивак корона“ стана втората вакцина против коронавирус регистрирана во Русија. Вакцината се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусни протеини – пептиди, кои придонесуваат имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот.
Европа
Хакерски напад во Прага, цел била електронската пошта на високи функционери

Официјални лица во Прага и Министерството за труд соопштија дека биле изложени на сајбер-напад врз нивните електронски адреси.
Градоначалникот на Прага рече дека нападот врз системите на јавните служби бил од поголем обем додавајќи дека сепак не предизвикал поголема штета.
Како што напиша градоначалникот Зденек Хриб на својот профил на „Твитер“, градските сервери го преживеале нападот.
„Ројтерс“ ја пренесе неговата изјава од утрово дека градската електронска пошта функционира и дека нема потреба да се обновуваат податоците.
Министерката за труд, Јана Малакова, изјавила дека и нејзиното министерство било нападнато, без да даде други детали.
Европа
Германски лекари: Повеќе од 90 проценти од најтешко болните од коронавирус се мигранти

Повеќе од 90 проценти од пациентите со најтешки форми на Ковид-19 во Германија потекнуваат од мигрантското милје, изјави познатиот германски пулмолог Томас Вошар.
Томас Вошар, пулмолог, раководител на Клиниката за белодробни заболувања во Морс и претседател на Германското здружение на пулмолозите, на експертската конференција рече дека истражувањето покажало оти најболни се пациентите што имаат комуникациска бариера во Германија, пренесува германски „Билд“.
Вошар додаде дека за тоа ги предупредил канцеларката Ангела Меркел и министерот за здравство, Јенс Шпан.
More than 50% of ICU Covid patients in Germany are Muslim immigrantshttps://t.co/bKZGwVTfQv
— Old Holborn® (@Holbornlolz) March 3, 2021
Тој вели дека предупредувањата на германската влада за опасноста од вирусот не допираат до мигрантските заедници.
„Според мојата анализа, повеќе од 90 проценти од интубираните, најсериозно болни пациенти, доаѓаат од мигрантското милје“, рече Вошар.
Шефот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, рече дека тоа е табу-тема и додаде дека меѓу пациентите на интензивна нега поради коронавирусот, дури 50 проценти биле муслимани, иако тие сочинуваат само 4,8 проценти од населението во Германија.
Вилер ги повика германските власти да се обидат да допрат до мигрантите.
„Во нашата земја постојат паралелни општества. Тоа можете да го поправите само со работа на терен, на пример, преку имами во џамии, но не успеваме“, додаде Вилер.
Според „Билд“, оваа тема е табу во Германија бидејќи владата стравува оти може да предизвика расна дебата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“