Свет
Обама повторно го предупреди Гадафи
Американскиот претседател, Барак Обама, повтори дека Западот ги разгледува сите опции во Либија, вклучувајќи и можна воена интервенција. Обама исто така ги предупреди либиските функционери кои се лојални на Гадафи дека поради насилствата ќе бидат повикани на одговорност.
Американскиот претседател, Барак Обама, повтори дека Западот ги разгледува сите опции во Либија, вклучувајќи и можна воена интервенција. Обама исто така ги предупреди либиските функционери кои се лојални на Гадафи дека поради насилствата ќе бидат повикани на одговорност.„Сакам на сите оние кои се наоѓаат околу полковникот Гадафи да им испратам јасна порака. Нивни е изборот да одберат како ќе делуваат во иднина, но тие ќе бидат одговорни за секое продолжување на насилствата“, им изјави Обама на новинарите во Белата куќа по состанокот со премиерката на Австралија Џулија Џилард. Претседателот Обама рече дека САД со сојузниците во НАТО ја разгледуваат можноста за воена интервенција. Инаку денеска во Москва, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија се противи на било каков облик на странска интервенција во Либија. Лавров со сомнеж гледа на можната одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации за воведување на забранета зона за летови во Либија, која според француски и британски дипломати се разгледува во ОН. Либија продолжува да тоне во граѓанската војна. Владините сили започнаа со нови напади врз бунтовниците во приморскиот град Рас Лануф. Бунтовничките сили се прегрупираат, но полковникот на либиската војска, Мохамед Самир кој се бори на страна на бунтовниците, изјави дека им е потребна помош. Борбите продолжија и во градот Бин Џавад, и во Завија, додека во источниот дел на земјата бунтовниците се обидуваат да го освојат Сирт, упориштето на Гадафи, кое им стои на патот до Триполи. Според податоците на Меѓународната организација за миграција, до петокот Либија ја напуштиле 192.000 бегалци. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

