Контакт

Свет

Саудиска Арабија се закани дека ќе го засече странското мешање

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Сауд ал-Фаисал ќе отфрли какво и да е мешање во внатрешните работи на државата и дека „ќе го отсечат секој обвинувачки посочен прст

Во последниве денови се почести се уличните протести на шиитското малцинство во сунитското кралство, кои бараат повеќе слобода и демократија, со што го прифатила трендот во другите држави од Блискиот исток и од Северна Африка.Ал-Фисал, кој му е внук на саудискиот крал Абдула бин Абдул-Азиз, предупреди дека протестите на шиитите нема да донесат реформи, но повика на дијалог со демонстрантите. „Реформите не доаѓаат со протести и свештенството ги забрани протестите затоа што го прекршуваат Куранот и правилата на Пророкот“, рече принцот. Тој тврди дека промени мора да дојдат однатре.„Промените ќе дојдат преку граѓаните на ова кралство, а не преку странските прсти, тие не ни требаат. Ќе го пресечеме секој прст што ќе ја мине границата на кралството“, категоричен е ал-Фисал.Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ го повика најголемиот извозник на нафта во светот да ја укине забраната за мирни протести, по бруталното разбивање на протестите во шиитскиот регион минатата недела.Според постоечкиот закон, Саудијците имаат право на мирни протести.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ерменската опозиција ги отфрла изборите сè додека премиерот не поднесе оставка

Објавено пред

Опозицијата во Ерменија го отфрли предлогот да се одржат предвремени парламентарни избори без претходно дадена оставка на премиерот Никол Пашинјан, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Пашинјан во понеделникот рече дека е подготвен да распише предвремени парламентарни избори доколку опозицијата се согласи на одредени услови, наведува „Ројтерс“.

Ерменскиот премиер се соочува со протести и политичка криза откако армијата побара негова оставка, што Пашинјан го нарече обид за државен удар.

Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан, неодамна одби да го смени началникот на Генералштабот на ерменската армија, Оник Гаспарјан, кој претходно беше ослободен од должноста од премиерот Пашинјан.

Прикажи повеќе...

Свет

„Фридом хаус“: Пад на демократијата во целиот свет

Објавено пред

Според последниот извештај на меѓународната невладина организација „Фридом хаус“, земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, се во категоријата делумно слободни држави и се посочува дека падот на демократијата минатата година е забележан во целиот свет.

Во извештајот „Слободата во светот 2021 година – Демократијата под опсада“ се наведува дека во 2020 година Србија бележи пад од два поена и сега има вкупно 64 од вкупно 100 можни, а САД имаат пад од 11 поени и сега имаат 83.

Според извештајот, Србија бележи пад од 14 поени во областа на политичките права и граѓанските слободи во текот на последната деценија и е во групата со САД, Турција, Унгарија и Полска.

Во извештајот се наведува и дека назадување имало на територијата на целиот Западен Балкан во текот на 2020 година.

Забележан е и напредок кај некои земји, како што се Црна Гора и Северна Македонија, чии институции, како што стои во извештајот, во голема мера се повратија „од штетата што им ја нанесе поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски“.

Извештајот опфаќа 195 светски земји и 15 територии и најдобро ги рангира скандинавските земји Финска, Норвешка и Шведска, кои имаат по 100 поени, а Северна Кореја е на најлошо место со три бода.

Извештајот исто така покажа дека граѓаните на вкупно 73 земји во светот живеат во услови на деградација на политичките и граѓанските права, а напредок во тие области е регистриран во 28 земји.

54 земји во светот се класифицирани како слободни земји, во кои живеат вкупно 38 проценти од светската популација, а помалку од 20 проценти од светските граѓани живеат во услови на целосна слобода – што е најлош ефект од 1995 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Српската полиција уапси Бугарин и Македонец, се обиделе да прошверцуваат дрога

Објавено пред

Српската гранична полиција и полицијата на Шид уапси 47-годишен бугарски државјанин и 41-годишен македонски државјанин.

Се сомнева дека се обиделе да прошверцуваат вкупно 171 таблета од списокот на психоактивни супстанции.

Тие се товарат за кривично дело неовластено држење наркотици, се наведува во соопштението на Полициската управа на Сремска Митровица.

Во соопштението се прецизира дека при прегледот на возилата управувани од осомничените на излез од Србија, полицијата пронашла и одзела вкупно 171 таблета од списокот на психоактивни супстанции.

Осомничените, заедно со кривични пријави, ќе бидат изведени во Основното јавно обвинителство во Шид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија48 минути

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион4 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион5 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет5 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион5 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет6 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа6 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет6 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија22 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија24 часа

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет2 дена

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет2 дена

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа2 дена

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Досие