Свет
Земјотрес во Кина, најмалку13 жртви
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Кина, при што загинаа најмалку 13 луѓе, а повредени се повеќе од 125 јавува АП, повикувајќи се на извор што не сакал да биде именуван.
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Кина, при што загинаа најмалку 13 луѓе, а повредени се повеќе од 125 јавува АП, повикувајќи се на извор што не сакал да биде именуван. Земјотресот се случил околу еден часот по полноќ по локално време, на длабочина од 34 километри, со епицентар на околу 225 километри југозападно од градот Далија во провинцијата Јунан, соопшти американскиот Геолошки институт.Од јачината на потресот се срушиле многу куќи, јавува Синхуа, повикувајќи се на локалните власти кои се уште го утврдуваат бројот на настраданите.Во мај 2008 година, силен земјотрес ја погоди југозападната провинција Сечуан, при што загинаа или исчезнаа 87.000 луѓе./крај/та/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

