Свет
Шпанските аеродроми се подготвуваат за масовен штрајк
Шпанската државна компанија Аена, која управува со аеродромите најави серија штрајкови од 20-ти април до јули, пренесоа тамошните медиуми.
Шпанската државна компанија Аена, која управува со аеродромите најави серија штрајкови од 20-ти април до јули, пренесоа тамошните медиуми.
Околу 12.500 Шпанци, вработени во Аена ќе штрајкуваат околу три месеци и ефективно ќе ги затворат аеродромите во период кога земјата има најголема посета на туристи.
Причина за штрајкот е желбата на владата да ги приватизира аеродромите на што вработените се спротивставуваат.
Уште не е сигурно дали аеродромите потполно ќе бидат затворени или авионите ќе слетуваат и полетуваат, а патниците сами ќе се грижат за багажот.
Нискобуџетната компанија „Рајнар“ (Ryanair) поради најавените штрајкови ќе биде принудена да откаже околу 300 летови.
Британската компанија Бритиш Ервејс (British Airways) е во постојан контакт со шпанските власти со цел да се изнајде решение како да функционираат аеродромите без оглед на штрајкот/крај/шп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште и болница.
„Нападите врз болниците се напади врз самиот живот. Нападите врз училиштата се насочени кон иднината на нацијата. Светот мора да ги осуди овие акти“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека неговата земја „нема да молчи и нема да попушти пред овие злосторства“.
Иранските власти соопштија дека во бомбардирањето на училиште во саботата на југот од земјата загинаа 168 лица, но ниту САД ниту Израел не потврдија таков напад.
Француските медиуми, кои ја објавија изјавата на Пезешкијан, изјавија дека не можат да ја потврдат веста за нападот врз училиштето и болницата поради независни избори и недостаток на пристап до областа.
Во Техеран, во неделата навечер беше оштетена болница, според иранските медиуми, додека властите не го објавија бројот на жртви.
Израел и САД го нападнаа Иран рано наутро во саботата. Иран возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, првенствено таму каде што има американско присуство.
Свет
Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш
Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и горен среден дострел.
Како што напиша, денес му беше кажано дека САД имаат практично неограничени залихи од ова оружје.
„Војните можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи ги само овие залихи“, рече тој.
Трамп го обвини Џо Бајден дека потрошил стотици милијарди долари американски пари давајќи ѝ на Украина врвно оружје без да ги надополни залихите. Тој тврди дека ја обновил војската за време на својот прв мандат и продолжува да го прави тоа.

„Соединетите Американски Држави се добро опремени и подготвени да извојуваат ГОЛЕМА ПОБЕДА“, заклучи тој.
Свет
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што се вели, тековните регионални тензии.
Објава на платформата Икс наведува дека сите редовни и итни конзуларни состаноци се откажани и дека јавноста ќе биде известена кога амбасадата ќе се врати во нормални операции.

Амбасадата, наводно, вчера била цел на напад со беспилотно летало.

