Свет
Либија: Исчезнал новинар на „Гардијан“
Британскиот дневен весник Guardian јави дека од неделата нема никакви информации за својот репортер кој известува за настаните од Либија, како и за бразилскиот новинар кој се наоѓа во негова придружба
„Интензивно работиме како би утврдиле каде е новинарот Гаит Абдул-Ахад, кој веќе две недели известува од западниот дел на Либија“, се истакнува во соопштението од Guardian.Гаит Абдул-Ахат е ирачки државјанин кој од 2004 година работи за „Гардијан“, заедно со него бил и Андреи Нето од бразилскиот весник О Estado de Sao Pailo, пишува весникот. Ахат во Либија влегол од Тунис и последен пат со весникот, преку трето лице, контактирал во неделата, додека се наоѓал во околината на Завија, пренесува британскиот дневен весник.Предходните денови, во Завија кој се наоѓа на 40 километри од Триполи се водеа жестоки борби, по што силите лојални на Гадафи ја вратија контролата врз градот. Весникот Gardian додава дека „е во контакт со либиските власти во Триполи и во Лондон, од кои побарал да превземат итни чекори како би дознале каде е Ахад, дали е жив и дали се наоѓа во рацете на владините сили.Тројца новинари на BBC на новинарска задача во Либија оваа недела биле уапсени и претепани од либиски војници и полицајци во близина на Завија. Откако поминале 21 час во заложништво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

