Свет
Цунами од 10 метри го опустоши североисточниот брег на Јапонија
Двата исклучително силни земјотреси кои ја погодија Јапонија, за кои американските сеизмолози ги проценија на 8,9 степени и 7,1 според Рихтеровата скала, утринава предизвикаa цунами високо 10 метри, кое направи пустош низ североисточниот брег на оваа островска земја, јавија светските медиуми.
Двата исклучително силни земјотреси кои ја погодија Јапонија, за кои американските сеизмолози ги проценија на 8,9 степени и 7,1 според Рихтеровата скала, утринава предизвикаa цунами високо 10 метри, кое направи пустош низ североисточниот брег на оваа островска земја, јавија светските медиуми.Епицентарот на првиот земјотрес со 8,9 степени бил под морето, на 380 километри североисточно од главниот град на Токио, а на длабочина поголема од 10 километри. Kако што јавува агенцијата Асошиејтед прес, зградите во главниот град жестоко се нишале, возовите запреле со движењето и плафонот на една огромна хала се урнал, повредувајќи непознат број на луѓе.Вториот голем земјотрес од 7,1 степени според Рихтеровата скала, удрил 505 километри североисточно од Токио.Медиумите јавуваат за огромни штети и голем број на повредени и се наведува дека се работи за најсилниот земјотрес кој по долго време ја погодил Јапонија. Агенцијата Франс прес јави дека потресот однел најмалку три жртви.Јапонскиот јавен ТВ сервис ХНК прикажа огромни штети од цунами во градот Онахама, каде џиновските бранови носеле автомобили и камиони, уништувале куќи и згради по должината на брегот.Опасност од цунами е прогласена на Филипините, во Индонезија, на пацифичкиот брег на Русија, на Хаваите, Тајван и островот Гуам. После двата силни земјотреси следеле дополнителни потреси кои исто така биле многу јаки.Премиерот на Јапонија, Наото Кан изјави дека силните земјотреси предизвикале огромни штети во североисточниот дел на земјата, но дека не се оштетени нуклеарните електрани во овој дел на Јапонија. /крај/бета/асошиејтед прес/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

