Свет
Силите на Гадафи покренаа голема офанзива

Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи денеска покренаа голема офанзива врз упориштата на бунтовниците на истокот и на западот на земјата, која започна со нови воздушни напади на источните градови Рас Лануф и Брега, каде што е сместен голем дел од нафтените капацитети, јавува Al Јazeera
Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи денеска покренаа голема офанзива врз упориштата на бунтовниците на истокот и на западот на земјата, која започна со нови воздушни напади на источните градови Рас Лануф и Брега, каде што е сместен голем дел од нафтените капацитети, јавува Al ЈazeeraБунтовничките сили според сите извештаи се повлекуваат од Рас Лануф, а доцна утрината ги изгубија и последните неколку населби во градот под нивна контрола. Очевидци од теренот јавуваат дека десетици џипови натоварени со бунтовнички борци и со ранети во паника бегаат од градот кон Бенгази. Според агенцијата Reuters, силите на Гадафи се водат борби со преостанатите бунтовници забарикадирани во еден дел на пристаништето. Al Jazeera ја пренесува изјавата на еден од бунтовничките борци, Ибрахим ал-Алвани, кој вели дека тој и неговите соборци, кои се уште се наоѓаат во центарот на градот, ги гледаат владините сили како навлегуваат.„Видов околу 150 војници и три тенкови. Насекаде се слушаат жестоки престрелки“, вели ал-Алвани и додава дека владините сили денеска во Рас Лануф се истовариле и од бродови. „Четири брода, секој со 40 до 50 војници се истоварија во градот. Во моментов нашите сили се борат со нив“, јавува тој.Спротивставените страни денеска водат жестоки битки за контрола на уште неколку градови долж брегот источно од Триполи, вклучувајќи го и Бин Џавад и во Аз Завија, западно од престолнината. Аз Завија во последниве неколку дена неколку пати беше освојуван и од едната и од другата страна. Според информациите кои не можат да се потврдат, бунтовниците се опколени во центарот на градот и изложени на силен артилериски и снајперски оган. Во интервју за агенцијата Reuters, синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам, изјави дека дошло времето за целосна воена акција против бунтовниците.„Повеќе нема шанси за преговори со бунтовниците кои се борат против либиската влада“, вели тој и додава дека војската никогаш нема да се предаде, туку ќе се бори и ќе умре во Либија. Никој не може со сигурност да го каже бројот на загинатите и ранетите во борбите, но се претпоставува дека ќе биде многу висок. Силите на Гадафи од денеска не им дозволуваат на возилата на брзата помош да влезат во Рас Лануф, поради што, според лекарите, уште повеќе ќе се зголеми бројот на мртвите. Според дописникот на Al Јazeera, во центарот на бунтот, вториот по големина град во земјата Бенгази, моралот на бунтовниците е многу низок, бидејќи чувствуваат дека ситуацијата повеќе не е во нивна корист, како и тоа дека ова, најверојатно, ќе биде многу долго востание. Сепак, според сите извештаи, тие се цврсто решени да го бранат градот и покрај недостигот од оружје и опрема. /крај/аljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Какво е обезбедувањето на папата Франциско во Ирак?

Ирак распореди илјадници дополнителни безбедносни сили за време на историската посета на папата Франциско.
Безбедноста е засилена по низата ракетни и самоубиствени бомбашки напади, кои предизвикаа страв кај ирачките власти.
Висок безбедносен службеник, кој бил запознаен со планот за посетата на папата, изјавил дека силите што ќе го чуваат поглаварот на Римокатоличката црква биле обучени да се соочат со најлошите можни сценарија, од улични пресметки до бомбардирања и ракетни напади, објави „Ројтерс“.
Претпоставени напади биле дел од обемните вежби по повод доаѓањето на папата во Ирак, кој ќе престојува таму од денеска до 8 март, што ќе биде прва посета на еден папа на таа земја.
Безбедносните ризици се големи по пристигнувањето на папата и се очекува тој првпат да патува со блиндиран автомобил, мерка за која Ватикан се надева дека ќе има двоен ефект, обезбедувајќи го поглаварот на католичката црква и намалувајќи го метежот во кој полесно се шири заразата, објави АП.
На аеродромот папата Франциско беше пречекан од премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадими, по што следуваше официјална церемонија на пречек во претседателската палата и средба со претседателот Бахрам Салих.
На вториот ден од престојот папата во Наџаф ќе се сретне со големиот ајатолах Али ал-Систани во неговата куќа, а АП наведува дека секој детаљ од состанокот, од соблекувањето на чевлите до распоредот за седење, е специјално договорен и испланиран.
За време на своето историско патување во Ирак, папата ќе ја посети и црквата во Каракош, центарот на христијанството во Ирак. Оштетена и запалена за време на владеењето на Исламската држава, судбината на црквата ја отсликува трагедијата на нејзината христијанска заедница, која беше уништена од страна на екстремистите.
Франциско ќе се моли за жртвите од војната во Мосул, а потоа ќе одржи миса во градот Ербил.
За време на ова историско патување, папата ќе се сретне и со човек што го преживеал масакрот во багдадската црква, каде што милитантите убија 58 верници во 2010 година, а ќе одржи и миса во Халдејската катедрала во Багдад и молитва во античкиот град Ур, каде што се верува дека живеел Аврам во вториот милениум пр. н.е.
Свет
Спречен обид за киднапирање патнички авион во Иран

Иранската револуционерна гарда соопшти дека иранските власти го спречиле обидот за киднапирање патнички авион за време на летот претходната ноќ, без да наведат детали за инцидентот.
Обидот за киднапирање се случил во авионот „фокер 100“ на компанијата „Иран ер“ на лет од градот Ахваз на југозападот на земјата кон Машхад на северозапад, пренесува АП.
#Iran’s paramilitary Revolutionary Guard says authorities disrupted the attempted #hijacking of a passenger plane in flight the night before, though it offered few details on what happened.https://t.co/CioDHPbCqh
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) March 5, 2021
Во соопштението на гардата не се прецизира идентитетот на киднаперот, но се вели дека тој се обидел да го пренасочи летот кон јужниот брег на Персискиот Залив.
Поради инцидентот во кој никој не е повреден, авионот принудно слетал во Исфахан, во централниот дел на Иран.
Свет
Полицијата во Капитол бара гардистите да останат во Вашингтон уште 60 дена

Полицијата на американскиот Капитол поднесе барање до Пентагон припадниците на Националната гарда да останат во зградата на американскиот Конгрес уште 60 дена, изјави членката на Претставничкиот дом од Републиканската партија, Елиса Слоткин.
АП објави дека Пентагон во моментот го разгледува барањето на полицијата.
Националната гарда наводно бара доброволци да ја пополнат позицијата во Капитол сè додека Пентагон не го одобри продолжувањето.
Повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда беа стационирани во зградата на Конгресот на САД по нападот на Капитол на 6 јануари.
Вчера на гардистите им беше кажано да одржуваат голем степен на претпазливост поради потенцијалниот заговор на неименувана вооружена група за извршување нов напад врз Капитол, пренесе „Раша тудеј“.
Доколку Пентагон не го продолжи мандатот на Националната гарда, сите 5.000 гардисти ќе бидат испратени дома в петок, 12 март.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер