Свет
Армијата на Гадафи има целисна контрола врз Завија
Градод Аз-Завија во северниот дел на Либија, која беше упориште на бунтовниците кои бараат соборување на режимот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, е целосно преземен од страна на владините трупи, јавува кинеската новинска агенција Синхуа
Претходно, западни медиуми објавија дека војниците лојални на полковникот Моамер ел-Гадафи го скршиле отпорот на бунтовниците и го зазеле центарот на градот со помош на тенкови, и дека во другите делови на градот продолжуваат судирите. Бунтовниците ја контролираа Завија од крајот од февруари и градот претставуваше своевидна отскочна даска за организирање на нивната офанзива кон главниот град на земјата.Либиските безбедносните сили лојални на Гадафи, во последните десет дена ја засилија офанзивата врз бунтовничките позиции. Речиси постојано се бомбардирани градовите Завија и Рас-ал-Ануф. Според последните информации, бунтовничките сили пред налетотот на армијата на Гадафи ги напуштаат претходно заземените градови и села и се повлекуваат кон исток. Од средината на февруари во источните либиски провинции избувнаа протести и немири со кои се бараше прекинување на 42-годишното владеење на Гадафи. Силите лојални на режимот помогнати од африкански платеници преземаа ќестоки против-напади врз позициите на востаниците, а точната бројка загинати и ранети во судирите не се знае. Претходно меѓународните организации, соопштија процена за околу шест илјади загинати./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

