Свет
Над 100 илјади луѓе евакуирани во Кина од земјотресот
Околу 127.100 жители се евакуирани на безбедни локации по земјотресот со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер кој ја потресе во четвртокот југозападната кинеска област Јингјан в провинцијата Јунан, соопшти министерството за цивилни прашања во саботата
Според последните информации кои беа соопштени во петокот, во земјотресот загинале 25 луѓе а повеќе од 250 се повредени, меѓу кои 134 сериозно, се вели во соопштението на кинеското министерство што го цитира агенцијата Синхуа.Сите жртви се пријавени во областите Јунгјанг, Лонгчуан, Лоанге, Руили и Лукси, каде оштетувања се регистрирани на илјадници објекти. Исто така, земјотресот го поремети и нормалното снабдување на петте области во кои живеат повеќе од 344.600, со вода, електрична енергија и комуникации. Во земјотресот целосно се уништени 18.445 куќи и станови а 55.345 други објекти се сериозно оштетени, според бројките на кинеските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

