Свет
Убиен снимател на Ал Џезира во Либија
Снимател на Тв Ал Џезира , е убиен во близина на Бенгази, на истокот на Либија. Тој е прва жртва меѓу новинарите во едномесечните судири во Либија, пренесе Асошиејтед прес.
Снимател на Тв Ал Џезира , е убиен во близина на Бенгази, на истокот на Либија. Тој е прва жртва меѓу новинарите во едномесечните судири во Либија, пренесе Асошиејтед прес.
Ал Џезира синоќа соопшти дека загина снимателот, Али Хашан ал – Џабер , додека известувачот Бајбах Валд Ахмади бил ранет во глава, во заседа, која и била поставена на Тв екипата. Инцидентот се случил во областа Хавари, каде е упориштето на бунтовниците кои се борат против силите лојални на Гадафи.
Ахмади рече дека било пукано во задниот дел од нивното возило при што убиениот Ал – Џабер бил три пати погоден во грб.
Ранетиот Ахмади рекол дека екипата на Ал Џезира со денови имала чувство дека ги следат и дека за тоа била известена управата на хотелот каде престојувале во Бенгази, по што била подобрена нивната безбедност.
„Дури ни териториите кои се под котрола на бунтовниците, не се потполно безбедни“, рече Ахмади и додаде дека во тие области има и приврзаници на лидерот Гадафи.
Во Бенгази беше одржан простест на солидарноста за убиениот снимател на Ал Џезира./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

