Свет
Бахреин : Полицијата растерува демонстранти со солзавец и палки
Бахреинската полиција со палки и солзавец ги растеруваше демонстрантите на антивладините простести , кои се собраа во Манама, при што осум полицајци беа ранети.
Бахреинската полиција со палки и солзавец ги растеруваше демонстрантите на антивладините простести , кои се собраа во Манама, при што осум полицајци беа ранети.
Информациите ги соопшти бахреинското Министерство за внатрешни работи, пренесе Франс прес.
Според полицијата околу 350 демонстранти се обиделе да го спречат пристапот до деловниот кварт во Манама, формирајќи жив ѕид.
Министерството соопшти дека полицијата ги отстранила шаторите кои демонстрантите ги поставиле , додавајќи дека демонстрантите ги нападнале безбедносните сили.
Демонстрациите започна на 14 февруари , каде шиитското мнозинство владее сунитска династија /крај/фп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

