Свет
Индија најголем светски увозник на оружје
Индија стана најголем купувач на оружје во светот, откако ја мина Кина на првото место, на листата најголеми увозници на оружје.
Индија стана најголем купувач на оружје во светот, откако ја мина Кина на првото место, на листата најголеми увозници на оружје. Во периодот од 2006 до 2010 година, Индија купувала девет отсто од вкупниот светски извоз на оружје. Кина падна на второто место со учество од шест отсто, но и со продолжување на градење на сопствена воена индустрија. Најголем извозник на оружје во светот се САД, зад кои се наоѓаат Русија и Германија. Одбранбениот годишен буџет на Индија изнесува 32,5 милијарди долари, и е поголем за дури 40 отсто во однос на 2009 година. Повеќе од 70 отсто од индиското оружје доаѓа од увозот, главно од Русија, речиси четири петтини. крај/но/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

