Свет
Кралот на Бахреин прогласи тримесечна вонредна состојба
Кралот на Бахреин Хамад Бен Иса Ал Калифа денеска прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата, во обид да го смири бунтот во земјата што и се заканува на владејачката монархија, јави државната телевизија.
Кралот на Бахреин Хамад Бен Иса Ал Калифа денеска прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата, во обид да го смири бунтот во земјата што и се заканува на владејачката монархија, јави државната телевизија.
Во соопштението на кралот на Бахреин се наведува дека началникот на воените сили на земјата е овластен да ги преземе сите потребни мерки да ги спречи протестите кои веќе еден месец ја потресуваат земјата, пренесува Асошиејтед прес.
Прогласувањето на вонредната состојба доаѓа по само еден ден откако заедничките трупи на земјите од Персискиот залив влегоа во Бахреин заради одржување на мирот.
Повеќе од 1.000 војници од Саудиска Арабија и околу 500 полицајци од Обединетите Арапски Емирати вчера стигнаа во Бахреин, каде што еден месец мнозинските шиити бараат од сунитската династија да спроведи длабоки реформи и да воведе уставна монархија.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска изрази „загриженост“ поради насилствата и испраќањето трупи од Заливот во Бахреин на помош на сунитската династија и повика сите да покажат воздржаност. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

