Свет
Пет демонстранти убиени во Бахреин
Петмина демонстранти се убиени а стотици се ранети во нападот на безбедносните сили врз демонстрантите во главниот град Манама што се случи денеска наутро јави AFP
Како што јавува агенцијата којашто се повикува на шиитски извори кои ги организираат протестите, претходните информации од утрово говореа за двајца загинати полицајци и голем број повредени демонстранти. Безбедносните сили на Бахреин со употреба на сила во средата наутро ги отстранија демонстрантите од централниот плоштад на Манама кои речиси цел месец се втаборија барајќи реформи во власта. Застапникот на влијателното шиитско движење ал-Вефак, Халил Марзук, ги обвини бахреинските безбедносни сили дека ги блокирале приодите кон неколку градски болници и дека опколиле неколку објекти меѓу кои е и „ал-Саламнија“, главната болница во Манама./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

