Свет
Малта: Референдум за легализација на разводите
Малта, единствена европска земја во која развод официјално не постои, ќе организира на 28 мај референдум за негова евентуална легализација, одлучил парламентот во Ла Вaлета.
Малта, единствена европска земја во која развод официјално не постои, ќе организира на 28 мај референдум за негова евентуална легализација, одлучил парламентот во Ла Вaлета.Четиристотини илјади граѓани на овој мал остров ќе бидат повикани да се изјаснат за можноста официјално да се легализираат разводите на брак по четири години раздвоен живот на брачната двојка.Референдумот ќе има советодавна вредност, а прашањето ќе гласи: Дали сте подготвени да понудите можност за развод на брачните двојки кои се разделени четири години, кои немаат реални изгледи да се смират и е осигурена сигурноста на нивните деца.Во случај мнозинството да гласаат потврдно, парламентот ќе расправа за тоа дали предлогот да се преточи во закон.На Малта католиците се 95 отсто од населението и на еден квадратен километар има по речиси една црква. Тоа е една од двете земји во светот каде разводот е забранет, другата се Филипините./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

