Свет
Утврдена радијација кај јапонски патници
Кај околу 25 патници кои од Јапонија допатувале на Тајван утврдено е благо зголемување на нивото на радијација, соопшти тајванската влада.
Кај околу 25 патници кои од Јапонија допатувале на Тајван утврдено е благо зголемување на нивото на радијација, соопшти тајванската влада.
Властите на Јужна Кореја претходно соопштија дека кај тројца патници од Јапонија утврдиле невообичаено ниво на радијација.
Тајвански службеник од владиниот совет за атомска енергија во телефонски разговор за агенцијата Ројтерс рекол дека 25 патници допатувале од различни јапонски градови и дека имале малку поголемо ниво на радијација од вообичаеното.
Службеникот рекол дека владата поставила надзорни точки на кои се тестираат патниците при доаѓањето на Тајван.
Јужнокорејската агенција Јонхап ја пренесува изјавата на службеникот, дека кај педесетгодишен Јапонец по доаѓањето на аеродромот била констатирана радијација од 1 микросиверт на неговиот шешир и капутот, што е неколкупати повеќе од вообичаеното.
Се верува дека Јапонецот живеел на подрачјето на Фукушима каде се наоѓаат нуклеарните реактори.
Констатираното ниво на радиоактивност не претставува опасност за јавното здравје па патниците биле пуштени, јавуваат медиумите./крај/хина/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

