Свет
Расмунсен: Не е доцна за интервенција во Либија

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен, попладнево во Варшава изјави дека сеуште не е доцна за интервенција во Либија, но дека многу работи зависта од Обединетите нации.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен, попладнево во Варшава изјави дека сеуште не е доцна за интервенција во Либија, но дека многу работи зависта од Обединетите нации.„Времето е главен фактор, времето истекува, но не мислам дека е доцна. Многу работи ќе зависат од одлуката на Советот за безбедност на ОН“, изјави Расмунсен на прес конференцијата.„Не можам да замислам, меѓународната заедница и ОН мирно да стојат по страна додека либискиот режим продолжува да ги напаѓа цивилите“, додаде тој. Генералниот секретар на НАТО, претходно изјавуваше дека Алијансата не сакала да интервенира во Либија, но дека е подготвена за сите сценарија. Расмунсен ги повтори условите на НАТО – постоење на „јасна потреба“ за делување на Алијансата, регионална потреба и цврста законска основа, односно мандат на ОН. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган најави олеснување на ограничувањата во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави олеснување на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот во неколку провинции кои се категоризираат како провинции со ниско или средно ниво на зараза.
Ердоган вчера рече дека кафулињата и рестораните ќе можат повторно да работат со половина капацитет помеѓу 7:00 и 19:30 часот, освен оние лоцирани во 17 региони кои се категоризираат како многу ризични, објави АП.
Полицискиот час во текот на работните денови ќе продолжи да важи низ цела Турција, како дел од владината програма за контролирана нормализација, рече тој.
Училиштата повторно ќе се отворат во региони со низок и среден ризик, рече Ердоган. Во другите региони, само учениците кои се подготвуваат за приемни испити во средните училишта или универзитети, повторно ќе седнат во училишните клупи.
Турција во последните денови забележа највисоко ниво на зараза од средината на јануари.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Турција се регистрирани повеќе од 2,7 милиони случаи на Ковид-19 и околу 28.500 смртни случаи.
Европа
Шефот на СПД ги обвини Меркел и министрите од ЦДУ за многуте пропусти во справувањето со Ковид-19

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер-Борјанс, ги обвини германската канцеларка Ангела Меркел и министрите од ЦДУ за „лошо управување“ со кризата од коронавирусот.
Валтер-Борјанс изјави дека Германија има шеф на владата кој има направено бројни пропусти во координирањето со кризата.
Тој рече дека министрите од коалицискиот партнер на СПД не ги исполнуваат своите обврски.
Во исто време, ги пофали социјалдемократските членови на владата, како што е вицеканцеларот Олаф Шолц, за кого Валтер-Борјанс тврди дека ги поправа сите проблеми.
Тој вели дека придонесот на членовите на владата од редовите на ЦДУ и ЦСУ е далеку зад оние од редовите на СПД.
Свет
Кина планира до јули да вакцинира 40 проценти од своето население

Кина планира 40 проценти од своето население да вакцинира против коронавирус до крајот на јуни, изјави експертот за респираторни заболувања Џонг Наншан.
Тоа значи дека до јуни ќе бидат вакцинирани 548 милиони луѓе во Кина, која има 1,4 милијарда жители, објаснува „Си-ен-ен“.
Кина досега вакцинираше 3,56 проценти од своето население, што е околу 51 милион луѓе, додаде Џонг.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер