Свет
Француските воени авиони уништија четири либиски тенкови
Авионите на француското воено воздухопловство, кои ја надлетуваат територијата на Либија, уништиле четири тенкови на силите лојални на лидерот Моамер ел Гадафи, јавува Ал Џезеира.
Авионите на француското воено воздухопловство, кои ја надлетуваат територијата на Либија, уништиле четири тенкови на силите лојални на лидерот Моамер ел Гадафи, јавува Ал Џезеира. Оваа информација на катарската сателитска телевизија доаѓа од извори на теренот, присутни во областа на нападите. Претходно, портпаролот на генералштабот на француската армија, полковникот Тиери Бјуркар на прес-конференција во Париз соопшти дека француските воздухоплови дејствувале врз возила од неидентификуван тип.
Француските власти објаснуваат дека уништена е техника која претставувала опасност за цивилите. Силите дејствуват врз две области, во кои летовите се забранети. Целта, според властите, е обезбедување на зоната и на цивилното население. /крај/afp/сн/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

