Свет
Западот ја уништува либиската одбрана, Гадафи бара итна седница на ОН
Сто и десет американски и британски ракети „томахавк“ ја уништија либиската противвоздушна одбранa и другите воени цели во акцијата под шифра „одисеј даун“. Либиската влада побара итен состанок на Советот на безбедност на ОН.
Сто и десет американски и британски ракети „томахавк“ ја уништија либиската противвоздушна одбранa и другите воени цели во акцијата под шифра „одисеј даун“. Либиската влада побара итен состанок на Советот на безбедност на ОН.
Американската ТВ мрежа CBS јави дека бомбардeрите Б-2 фрлиле 40 бомби на еден од најважните аеродроми во Либија, не наведувајќи за кој аеродром се работи.Во текот на ноќта западните сојузници продолжиле со авионскиот напади во Либија.
Откако синоќа Русија објави дека не е задоволна со нападот над Либија, рано изутрина со тој став излезе и Кина, јавува Ројтерс. Од друга страна пак Јапонија го поддржува нападот на коалицијата на меѓународната заедница врз Либија.
Њујорк Тајмс јавува дека граѓаните кои се следбеници на Гадафи доброволно направиле жив штит околу неговиот центар во Триполи. Во групата биле забележани и жени и деца , а некои од нив изјавиле дека имаат членови на семејствата во комплексот на Гадафи. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

