Свет
Во Бенгази повеќе од 90 загинти
Бројкот загинати во судирите во областа во која се се наоѓаат упориштата на либиските бунтовници од петокот надминале 90 лица, јавува AFP повикувајќи се на извештаите од локални медицински изворi
Информации за бројот загинати во периодот од петок вечер до крајот саботата, мкога припадниците на анти-владините сили се обидуваа да го спречат пробивот во градот сили на либиските владини сили на земјата, како и на евентуални цивилни жртви, се уште не се соопштени.Во неделата, лидерот на Либиската револуција од пред четири децении, полковникот Моамер ел-Гадафи увери дека жителите на Бенгази биле револтирани од нападите на западните коалициски сили. Според него, „Бенгази не им дозволува на предавници да го следат курсот на Франција, Велика Британија и САД.“ Гадафи изрази уверување дека наскоро и луѓето од овој втор по големина град во земјата ќе излезат на улиците под зеленото знаме на Либија, воведено во времето на неговиот режим со кое беше се замената претходната тробојка којашто сега ја користат бунтовниците.Според арапските медиуми, и покрај воздушните напади на западната коалиција, сили влојални на Гадафи продолжуват со обидите да ја повратат контролата врз Бенгази. Во четвртокот Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се дава можност за странска воена операција за да се заштити цивилнтоо население во Либија од нападите на силите на Гадафи. Во воена операција којашто започна во саботата попладне, учествуваат САД, Велика Британија, Франција, Италија и Канада, а спроед најавите наскоро ќе им се придружи и Шпанија. Авијацијата и морнарицата на коалицијата истрела 112 крстосувачки проектили „томахавк“ врз противавионските и комуникациските системи на Либија..Либиските државните медиуми јавија за напади врз цивилни цели во големите градови, Триполи, Бенгази и Зуваре, како и Мисрата каде што се запалени големите резервоари со нафта. Според либиската државана телевизија во нападите на западната коалција загинале 50 цивили, претежно жени и деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија.
„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Тој додаде дека му рекол на секретарот за финансии, Скот Бесент, да ја прекине „целата работа“ со европската земја и членка на НАТО.
„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.
NOW – Trump: "We're gonna cut off all trade with Spain, we don't want anything to do with Spain." pic.twitter.com/Zjm1zXflfu
— Disclose.tv (@disclosetv) March 3, 2026
„Шпанија во основа рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство“, рече тој.
Шпанија им го одби пристапот на САД до своите воздухопловни бази за „сè што не е опфатено со договорот или во согласност со Повелбата на ОН“, според шпанскиот државен радиодифузер RTVE.
Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според податоците и мапите од веб-страницата за следење на летови FlightRadar24.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази да се користат за напад врз Иран. Базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.
фото/Depositphotos
Свет
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари на меѓународните пазари денес, во услови на ескалација на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив поради запрениот транзит низ Ормутскиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 5,56 долари за барел попладне, во пораст од вчерашното затворање од 83,30 долари. Накратко достигна 85,12 долари, највисоко ниво од јули 2024 година.
На американскиот пазар, барелот скокна за 5,29 долари за барел попладне на 76,52 долари. Накратко скокна на највисоко ниво од јуни, на 77,58 долари.
Од затворањето на тргувањето во петокот, неколку часа пред нападот на САД и Израел врз Иран, цената на барелот скокна за околу 16 и 17 проценти, соодветно.
Израел, исто така, го нападна Либан, а Иран одговори со удар врз енергетската инфраструктура во земјите на бреговите на Персискиот Залив. Ормутскиот теснец е де факто затворен, блокирајќи речиси една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Иранските вооружени сили во понеделник вечерта преку советник на командантот на Иранскиот корпус на гардата на револуцијата, Ебрахим Џабари, изјавија дека нема да дозволат извоз на нафта преку теснецот.
Свет
Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар
Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.
„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.
Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.
Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.
фото/ЕПА

