Свет
Гадафи почна да им дели оружје на цивилите
Либиските власти почнаа да им делат оружје од воените магацини на цивилното население и до сега се поделени преку еден милион парчиња оружје
Либиските власти почнаа да им делат оружје од воените магацини на цивилното население и до сега се поделени преку еден милион парчиња оружје, како одговор на нападот од западните сојузници, соопшти либискиот лидер Моамер Гадафи во своето денешно радио обраќање до нацијатаТој во своето обраќање истакна дека воздушните напади се „војна без преседан“, но дека либискиот народ „нема да се предаде“. Тој истакна дека властите ќе ги елиминираат сите оние кои соработуваат со странските агресори. „Ова е нова крстоносна војна, без преседан според предавничкиот карактер. Сите предавници кои ќе соработуваат ќе бидат веднаш елиминирани“, вели Гадафи.Тој исто така истакна дека Либија се подготвува за долга војна со странските агресори и дека Либијците немаат каде да се повлечат и затоа ќе се борат до самиот крај.„Ако сите мажи загинат, тогаш жените ќе го земат оружјето в рака“, тврди Гадафи. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

