Свет
Турција обезбеди ослободување на новинарите на „Њујорк Тајмс“

Турските власти во понеделникот соопштија дека го обезбедила ослободувањето на четворицата новинари на весникот The New York Times кои беа притворени во Либија, пренесува Аssociated Press
Портпаролот на турската амбасада во Вашингтон рече дека новинарите биле предадени во турската амбасада во Триполи и дека се очекува денеска да ја преминат границата со Тунис.Либиските власти соопштија дека новинарите биле заробени за време на борбите во источниот дел на земјата минатата седмица.Четворица новинари на The New York Times исчезнаа откако последен пат контактирале со редакцијата минатиот вторник наутро. Како што изјави минатата среда извршниот уредник на The New York Times, Бил Келер, претставници на весникот контактирале со претставници на официјалните власти во Триполи веднаш откако го изгубиле контактот со своите новинари и добиле уверување дека властите се обидуваат да ја утврдат точната локација на четвроицата исчезнати новинари.„Изразуваме голема благодарност до владата во Триполи за нивната помош да бидат ослободени во најкус можен рок нашите новинари, и неповредени, доколку тие се лишени од слобода“, изјави тогаш Келер.Исчезнати беа уредникот на бејрутското дописништво на редакција The New York Times, Ентони Шадид, репортерот и снимател Стивен Фарел, кој беше заробеник од страна на талибаните во 2009 г., и двајцата фотографи Тајлер Хикс и Лисни Адарио коишто работат во Африка и на Блискиот Исток.Весникот потсетува дека од почетокот на немирите во арапскиот свет, работата на новинарите во регионот стана многу опасна. За време на бунт во Египет против режимот на Хосни Мубарак, новинарите беа напаѓани, малтретирани и апсени. Инаку минатата среда во Либија беше ослободен новинарот на Guardiаn, Гаит Абдил-Ахад. Тој и неговиот колега од Бразил, Ендрју Нето беа уапсени на 2-ри март во западниот дел на Либија, каде што влегле од Тунис. Кога последен пат стапиле во контакт со нивните редакции, тие се наоѓале во близина на либискиот град Аз-Завија, 40 километри западно од престолнината Триполи. Според Guardian, тие биле префрлени во затвор во предградие на либискиот главен град.Бразилскиот новинар Нето беше ослободен пред две седмица, но владата на Либија во затворот го задржа новинарот на реноминираниот британски весник, и покрај протестите од светските новинарски здруженија и организациите за заштита на човековите права. Двајца новинари на The New York Times, исто така, беа уапсени во Египет, но беа набрзо ослободени неповредени. Минатата седмица четири дописници на британската радиодифузна мрежа BBC беа приведени од страна на безбедносните сили на режимот на Моамер ел- Гадафи во Либија. Тие биле малтетирани и тепани со кундаци од пушки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат да ги уверат граѓаните дека вакцината на „Астразенека“ е исто толку безбедна како и другите.
Залихите на вакцини на британско-шведската компанија се неискористени во двете земји, што ја забавува борбата против пандемијата.
Во Франција биле употребени само 273.000 дози од вакцината на „Астразенека“, од 1,7 милиони примени до крајот на февруари, според Министерството за здравство.
Двете земји не ја одобрија вакцината за лица постари од 65 години, предизвикувајќи сомнеж за нејзината ефикасност во однос на ефикасноста на вакцините произведени од „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.
Францускиот министер за здравство Оливие Веран, кој и самиот е лекар, беше вакциниран со вакцината во живо на телевизија за да ги увери граѓаните во нејзината ефикасност и безбедност.
Во Германија се повикуваат да се олеснат приоритетните списоци за вакцинација за да не пропаднат вакцините на „Астразенека“. До 23 февруари, 1,45 милиони дози на вакцината биле доставени во Германија, а искористени биле само 240.000.
Германската канцеларка Ангела Меркел задутре ќе се сретне со лидерите на 16 региони за да разговара за следните чекори во борбата против пандемијата. Во едно интервју минатата недела, Меркел ја пофали вакцината на „Астразенека“ како „доверлива вакцина“, повикувајќи ги Германците да не бидат пребирливи.
Но, таа нема да биде вакцинирана со таа вакцина, бидејќи има 66 години.
Германската комисија за вакцини – СТИКО, наскоро ќе објави нова препорака за вакцината, откако истражувањето покажа дека е ефикасна за старите лица, рече во петокот претседателот на комисијата, Томас Мертенс.
Свет
ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за човекови права во Обединетите нации.
„Нашиот заклучок е дека Русија е одговорна за обидот да се отруе Навални“, рече на брифингот Ања Каламар, специјалниот известувач на ООН за егзекуции по скратена постапка.
Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледна шема на насочени обиди за атентат, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности поврзани со труењето на Навални, додаде експертот на ООН.
Свет
Исламисти убија најмалку девет цивили во напад на три села во Мали

Исламистички екстремисти во возила, вооружени со митралези, убија девет цивили во нападите врз три села во центарот на Мали, соопштија локалните власти.
Две групи напаѓачи ги нападнаа етничките села Догона – Гореј, Симиканда и Џaмнати во регионот Мопти, кои беа разурнувани од исламисти и меѓуетничко насилство во последниве години, соопштија властите.
Мулај Гвиндо, градоначалник на Банкас, лоциран во близина на Гореј и Симиканд, ги обвини нападите врз истите екстремисти, во кои беа убиени осум лица при напади врз воената пошта и базата на жандармеријата минатиот четврток.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер