Свет
Нови воздушни напади врз силите на Гадафи

Силите на меѓународната коалиција рано утрово ги нападнале радарските системи во две бази на противавионската одбрана на Либија во источниот дел од земјата, јавува катарската сателитска телевизија Ал Џазира.
Силите на меѓународната коалиција рано утрово ги нападнале радарските системи во две бази на противавионската одбрана на Либија во источниот дел од земјата, јавува катарската сателитска телевизија Ал Џазира.Како што јави телевизијата, нападнатите бази се наоѓаат источно од бунтовничкото упориште Бенгази, но нема потврда од страна на коалициските сили.Портпаролот на француската армија изјавил дека француските борбени авиони во ноќта од понеделник кон вторник не извршувале никакви летови над Либија, иако изминатите денови тие беа најактивни во бомбардирањето на позициите на силите лојални на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи.Светските новински агенции јавуваат и за ситуацијата во главниот град Триполи каде во понеделникот доцна навечер одекнувале експлозии и се слушале истрели од дејствувањето на противвоздушната одбрана. Либиската државна телевизија соопшти дека во престолнината биле нападнати неколку цели, додека западните сили се’ уште не ги потврдуваат новите напади извршени во рамките на мисијата предводена од Обединетите нации во зел да се обезбеди зона на забранети летови и заштита на цивилите од нападите на силите на Гадафи.Ројтерс јавува дека бунтовниците кои почнале да се враќаат кон нивното главно источно упориште Бенгази, сториле многу малку да ги ефектуираат интервенциите на меѓународната коалиција, што според аналитичарите навестува дека либискиот судир може да заврши во пат позиција.Истовремено официјален Вашингтон, според Ројтерс, изрази стравување дека би можел да биде вовлечен во уште една долготрајна војна како што се во Ирак и во Авганистан, ако се реши за уривање на режимот на Гадафи иако неговиот сојузник од Париз официјално во понеделник тврдеше дека се надева дека сепак либиските власти ќе бидат соборени однатре./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Рации во Германија, полицијата трага по исламски екстремисти

Во голема координирана операција спроведена рано утрово, германската полиција изврши претреси во Берлин и сојузната држава Бранденбург, како дел од истрагата на организација забранета за наводни врски со исламски екстремизам.
Околу 800 полицајци, вклучително и специјалци, учествуваа во операцијата, во која се претресуваа станови поврзани со членови на таа организација, изјавија германските власти.
Главната цел на рациите, како што информираат надлежните е да се добијат докази, а засега нема пријавено апсења.
Властите во Берлин соопштија дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна денеска на прес-конференција.
Европа
Германец обвинет за шпионирање на Бундестагот за Русите

Германското сојузно обвинителство покрена обвинение против германски државјанин кој е обвинет за шпионажа во корист на руската разузнавачка служба. Обвинителството го товари за предавање на плановите на зградата на Бундестагот, пренесува „Ројтерс“.
Јенс Ф, наводно, собирал податоци од компјутери кои содржеле планови за зградата на Бундестагот, каде што ја одржувал електрична опрема во тамошните канцеларии, рече федералниот обвинител.
Обвинителството објави дека во втората половина на 2017 година, тој одлучил собраните датотеки да ги пренесе на руските разузнавачи и дека податоците ги испратил до службеник во руската амбасада, кој работел за руската разузнавачка агенција ГРУ, пренесува „Ројтерс“.
Регион
Во Црна Гора уапсен инструктор во автошкола, пијан давал час по возење

Црногорската полиција уапси инструктор во локална автошкола во Плевља, кој го затекнале пијан за време на час по возење, пренесуваат локалните медиуми.
Според полицијата, инструкторот К.К. бил изведен пред судија за прекршоци бидејќи алко-тест утврдил дека има 1,7 промили алкохол во крвта, додека давал упатства за возење на 20-годишник.
Да бидат работите уште полоши, полицијата го тестирала инструкторот околу пладне.
„На 22 февруари 2021 година, околу 11:55 часот, при редовна контрола во сообраќајот, било сопрено возило во сопственост на автошкола од Плевља со кое управувал кандидатот за возач Г.Н. (2000). К.К. (1956) бил во возилото како инструктор за возење. Вработениот во автошколата бил тестиран за алкохол и било откриено дека е под дејство на алкохол во организмот, во концентрација од 1,7 промили. Тој бил приведен и однесен во прекршочниот суд“, соопшти полицијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер