Свет
Базенот за нуклеарно гориво се доближува до точка на вриење
Во вториот реактор на нуклеарната централа „Фукушима 1“ дошло до загревање на базенот со искористено нуклеарно гориво, и температурата е многу блиску до точка на вриење, изјави претставникот на Агенцијата за нуклеарна безбедност на Јапонија, Хидеко Нишијама.
Во вториот реактор на нуклеарната централа „Фукушима 1“ дошло до загревање на базенот со искористено нуклеарно гориво, и температурата е многу блиску до точка на вриење, изјави претставникот на Агенцијата за нуклеарна безбедност на Јапонија, Хидеко Нишијама. Според неговите зборови, високата температура во базенот, најверојатно доаѓа како последица на пареата која од вчера се шири од вториот блок на централата, која на 11 март беше разурната од земјотресот и цунамито. Доколку водата испари од базенот, нуклеарното гориво ќе остане на суво, што ќе значи опасност од испуштање на нова радијација. Работниците по еден ден пауза, утрово се вратија во „Фукушима 1“ каде продолжија со напорите за враќање на електричната енергија во системот за ладење. Британскиот Би Би Си јавува дека четири од шестте реактори се приклучени на електричната мрежа, а нивото на радијација е стабилно. Сепак без оглед на тоа што реакторите се приклучени на електричната мрежа, нејзината моќност сеуште не е доволна за да го покрене системот за ладење. Агенцијата на Обединетите нации за атомска енергија, во радиус од 20 километар, детектира радијација која за 1.600 пати е поголема од дозволената. Од оваа зона населението е евакуирано минатата седмица. Според светските агенции со оддалечување од „Фукушима 1“ нивото на радијација драматично опаѓа. Земјотресот и цунамито кои на 11 март го погодија североисточниот брег на Јапонија, според полициски информации однесоа 9.079 животи, додека 12.645 лица се сметаат за исчезнати. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.
Свет
(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денес го посети сицилијанскиот град Нишеми, каде што по големо свлечиште десетици куќи се наоѓаат на работ од провалија, јави Анадолу.
Поради постепеното уривање на ридот, повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани. Свлечиштето започнало во неделата навечер и продолжило да се шири и во понеделникот.
Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, изјави дека куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и дека жителите ќе бидат преселени.
Мелони го прелетала погоденото подрачје со хеликоптер, по што се сретнала со локалните власти за проценка на состојбата.
Италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија, региони тешко погодени од силни бури. За итни потреби се издвоени околу 100 милиони евра, додека локалните власти ја проценуваат штетата на повеќе од две милијарди евра.

