Свет
Вклучена струјата во сите реактори на нуклеарката Фукушима
Приклучена е струјата на сите реактори во нуклеарната електрана Фукушима, соопшти компанијата ТЕПКО.
Приклучена е струјата на сите реактори во нуклеарната електрана Фукушима, соопшти компанијата ТЕПКО.
Потпретседателот на оваа компанија Сакае Муто предупредува дека кризата сè уште не е завршена, но верува дека по овој успех ситуацијата ќе почне позитивно да се развива.
„Сè уште е прерано да се каже дека работите во целост се стабилизирани“, рече Муто.
Јапонците се надеваат дека системот за ладење наскоро ќе биде во функција.
На работниците во нуклеарката значително би им помогнало воведувањето на осветлување во контролната соба на реакторот 3.
Портпаролот на владината Агенција за нуклеарна безбедност Хидехико Нишијама на прес конференција соопшти дека наскоро ќе стане јасно дали моменталните мерки се доволни за крај на кризата, пренесува агенцијата Кјодо.
Нишијама оптимистички најави дека сега топењето на јадрото на реакторот повеќе не е веројатно.
Пред само неколку часа од реакторите 2 и 3 избиваше радиоактивна пареа, а температурата сериозно се доближи до точката на вриење. Се создаде опасност од испарување на сета вода од базенот во кој се чуваат прачките со истрошено нуклеарно гориво, по што тешко би било да се избегне катастрофа од поголеми размери.
Бројот на загинати во страотниот земјотрес на 11. март во Јапонија достигна 9.080, додека бројот на исчезнати порасна на 13.561, информираше денеска Националната полициска агенција, со што бројот на загинати ја надмина бројката од 22.000.
Во Јапонија денеска во масовни гробници се закопани стотици жртви од земјотресот и цунамито. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

