Свет
Зголемена радијација во водоводот во Токио

Во токискиот градски водовод е откриена стапка на радијација која го надминува дозволеното ниво за доенчиња, соопштија во среда властите на јапонската престолнина
Токио е инаку оддалечен 250 километри од хаварисаната нуклеарна централа во префектурата Фукушима. Службите на јапонскиот град измериле 210 бекерели радиоактивен јод по килограм, што е двојно повеќе од дозволеното ниво за доенчиња, појаснил функционер од градската власт на Токио. Локалните власти издадоа соопштение со совети водата од чешмите да не им се дава на бебињата, ниту да се употребува за подготовка на храна или други видови храна од шишенца за малите деца. Притоа се додава дека водата не е опасна за другите жители. Претходно денеска беше соопштено дека САД забранија увоз на јапонско млеко, овошје и зеленчук од областите во близина на оштетената нуклеарката во Фукушима, откако во средата јапонските власти објавија дека е регистриран зголемено ниво на радијација во 11 видови овошје и во млекото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бројот на заболени во Англија намален за две третини во споредба со јануари

Вкупниот број на луѓе заболени од Ковид-19 во Англија опадна од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, објавија денес истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.
Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари било 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога беа евидентирани 1,57 проценти.
Сепак, тие додаваат дека прелиминарните резултати од февруари покажуваат дека бројот на заболени е зголемен во Лондон, на југоисток, како и на исток и во Вест Мидлендс, објави „Ројтерс“.
„Бројот на случаи во Англија продолжува да опаѓа, иако падот е забавен“, рече Стивен Рајли, професор по динамика на заразни болести на Кралскиот колеџот во Лондон, додавајќи дека падот мора да биде поголем за вакцинацијата да биде поуспешна.
Свет
Вулканот Пакаја повторно активен

Повторно се активира вулканот Пакаја кој се наоѓа на 2.522 метри надморска височина, на 20 километри од главниот град на Гватемала.
Вулканот испушта емисија на топла лава и облаци чад а експертите и властите внимателно ја следат неговата зголемена активност заради можни опасности за жителите кои живеат во близина, јави Ројтерс.
„Вулканот Пакаја има многу високо ниво на активност, со силни експлозии“, се вели во соопштението на Гватемаласкиот институт за сеизмологија, вулканологија и метеорологија.
Ројтерс известува дека засега не е наредена евакуација на околу 3.000 жители кои живеат во близина.
Портпарол на владината агенција за управување со катастрофи, Давид де Леон, рече дека тимовите за цивилна заштита вршат увид во неколку објекти кои можат да се користат како засолништа во случај на зголемена опасност од врела лава.
Свет
Бајден ги критикува Тексас и Мисисипи: Неандерталско размислување е одлуката за укинување на маските

Американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше одлуките за ублажување на мерките против Ковид-19 во сојузните држави Тексас и Мисисипи и го нарече ваквото размислување неандерталско во ситуација кога има поголем број смртни случаи од пандемијата на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека на новинарско прашање за тоа дали има порака за гувернерите од Тексас и Мисисипи, кои донеле одлука за укинување на обврската за носење маски, Бајден рекол дека тоа е голема грешка и дека сите веќе разбрале колку е важно носењето маски во борбата против вирусот.
„Последното нешто што ни треба е неандерталско размислување – сè е во ред, тргнете ги маските. Заборавете на тоа. Сепак е важно да носите маски”, рече американскиот претседател пред состанокот со пратениците од редовите на демократите и републиканците посветен на борбата против ракот.
Бајден истакна дека зголемената достапност на вакцините е клучна во спречувањето на пандемијата, но дека примената на мерките поврзани со носење маски, миење раце и физичко растојание и натаму е од најголема важност.
„Ројтерс“ известува дека на прашањето за изјавата на Бајден, гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, за „Фокс њуз“ изјавил дека повеќе немаат здравствена криза во таа сојузна држава и нагласил дека би сакале да видат претседател кој повеќе им верува на Американците, наместо да ги навредува.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер