Контакт

Свет

Уништена либиската авијација

Објавено пред

Воздухопловните сили на Либија веќе не постојат како борбената сила, изјави во средата претставник на командата на британската армија вклучена во воените операции против силите на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, јави Reuters

Воздухот вице-маршал Грег Багвел изјави дека сега сојузниците би можеле да изведуваат операции „поблиску“ над либиското небо. Багвел при посетата на единиците на РАФ во јужно италијанската база Џола дел Коле,  додал дека сега ќе може да се примени посилен притисок во либиските вооружените сили.„Ние внимаваме на недложниот либиски народ и ќе ги обезбедиме нивна заштита од напади. Одржуваме постојан надзор врз либиските копнени сили и че ги нападнеме кога тие ќе претставуваат закана за цивилите или ќе напаѓаат населени мест“, додал британскиот вице-маршал. Неговите коментари доаѓаат откако западните лидери започнаа дебата по прашањето на водството на интервенција, при што САД сакаат тоа да биде во рацете на НАТО.За четири дена откако почна операцијата на западните сојузници по Резолуцијата 1973 на Советот за безбедност при Обединетите нации со која се дозволува формирање зона на забранети летови над Либија, изведени се повеќе од 300 летови, а истрелани се повеќе од 162 крстосувачки проектили “томахавк“, пишува во средaта BBC.Во операцијата која ја го доби кодното име „Зората на Одисејата“, вклуечни се повеќе земји, а најмногу удел имаат Велика Британија, Франција, САД, Канада, Белгија, Италија, Шпанија, Данска. Според либиските власти, во нападите на коалициските сили кои започнаа на 19-ти март, загинале речиси сто луѓе, но земјите-учеснички во коалицијата не ја потврдуваат оваа информација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Уапсен маж кој фрли бомба во Сараево

Објавено пред

Полицијата со поддршка на специјалната единица, уапси синоќа маж кој фрли експлозивна направа во населбата Грдоњ, во Сараево.

Нема повредени.

За време на неколкучасовниот претрес, мажот се криел во населбата, а според босанскиот портал „Клих“, повикувајќи се на неофицијални информации, кај него биле пронајдени пушка, пиштол и бомба.

Осомничениот и бил претходно познат на полицијата и се лекувал на Клиниката за неврологија во Сараево.

Засега е непознато зошто ја фрлил бомбата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Објавено пред

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“ во институтот Торлак, а утре ќе започне нивната дистрибуција до центрите за вакцинација, изјави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ

Како што беше соопштено од министерството, Поповиќ утрово телефонски разговарал со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, а во разговорот било потврдено дека „братска Србија останува приоритет во доставувањето на вакцините за Русија “.

„Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите руски браќа и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило“, рече Поповиќ, додавајќи дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи на Србија и Русија.

Поповиќ потсети дека Србија се согласи да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и оти целата количина на вакцина ќе биде доставена до Србија до крајот на април, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Објавено пред

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк, јави телевизијата РТЕ.

Неколку лица се уапсени.

Владата го осуди насилството.

„Нема оправдување за насилство врз полицијата или било кој“, оцени вицепремиерот Лео Варадкар.

Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет15 часа

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија16 часа

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија17 часа

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија17 часа

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија18 часа

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа19 часа

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија22 часа

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија23 часа

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија24 часа

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија24 часа

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија1 ден

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Македонија1 ден

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да...

Регион2 дена

Брнабиќ: Луѓето се опуштија и мислат дека е готово, апелираме до сите да станат сериозни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на...

Европа2 дена

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти...

Македонија2 дена

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР исто така информираат дека се приведени осум...

Македонија2 дена

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија2 дена

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Досие