Свет
Фукушима:Контролната соба на реакторот 1 повторно има струја
Снабдувањето со електрична енергија делумно е воспоставено денеска во контролната соба на првиот реактор на нуклеарната централа Фукушима, соопшти јапонската Агенција за нуклеарна безбедност.
Снабдувањето со електрична енергија делумно е воспоставено денеска во контролната соба на првиот реактор на нуклеарната централа Фукушима, соопшти јапонската Агенција за нуклеарна безбедност.
Истовремено, нивото на радијацијата во токискиот водовод е намалено.
„На половината на денот се запали осветлувањето во контролната соба, но сè уште не сме сигурни дали тоа значи покренување на системот за ладење на реакторот“, изјави официјален претставник, пренесува агенцијата Франс прес.
Централата Фукушима Даичи има шест реактори чие снабдување со електрична енергија е прекинато по земјотресот и цунамито на 11. март, што резултираше со прекин на работата на системот за разладување на реакторите и дојде до низа радиоактивни истекувања.
По еднодневна пауза инженерите денеска се вратија на работа во реакторот 3, откако беа евакуирани ден претходно бидејќи од реакторот почна да излегува црн чад. Денеска ќе се обидат да активираат една пумпа за ладење на реакторот. Разладните системи на реакторите 5 и 6, најмалку оштетени во катастрофата, единствени се во функција.
Токиските власти денеска соопштија дека нивото на радиоактивниот јод во водоводот повторно е во границата дозволена за бебиња. /крај/афп/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

