Свет
Милитантите во јужен Јемен освоија град и фабрика за муниција
Исламски милитанти во неделата во провинцијата Абијан во јужниот дел на Јемен, запоседнале фабрика за производство на оружје, стратешки важната планина Ханфари мало Ал-Хусн, јавува Associated Press повикувајќи се на полицијата и очевидци.
Милитантите во окупираните територии поставиле блокади на патиштата и ги претресуваат возила кои се движат по тамошните патишта, изјавиле локални жители. Во саботата исламистичките бунтовници го запоседнаа блискиот град Џахар. Исламисти и во минатото ги зазимаа градовите во јужниот дел на Јемен, но веднаш наидуваа на жестока реакција од страна на безбедносните сили, забележува агенцијата. Во неделата, во провинцијата Мариб во централниот дел на Јемен, непознати напаѓачи за кои постои соменвање дека се припадници на Ал Каеда,убија седум војници. Јеменската ќелија на Ал Каеда, позната и како „Ал Каеда во Арабискиот полуостров“, е еден од најактивните терористички групи во регионот и во светот. Во ноември минатата година, нејзините водачи ја преземаа одговорноста за експлозијата што го урна товарниот авион во Обединетите арапски емирати, како и за пакетите со експлозвни направи испратени на адреси во САД преку американските поштенски компании кои беа откриени на аеродром во близина на Лондон и во магацин во Дубаи. Борба на јеменски власти против терористите се комплицира со масовните анти-владини демонстрации, со кои се бара оставка на претседателот Али Абдула Салех, кои заапочнаа во Јемен од почетокот на февруари. Покрај тоа, во јужниот дел на Јемен, кој до 1990 г. беше засебна држава, се јавија силни сепаратистички движења. Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен. Претседателот Салех на 18-ти март бјави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Во средата таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

