Свет
Бомбардирани градови во централна и западна Либија
Меѓународната коалиција вечерва бомбардираше позиции на либиските сили во регионите Мезда и Гаријан, во централниот и западниот дел на Либија, јави либиската агенција Џана.
Меѓународната коалиција вечерва бомбардираше позиции на либиските сили во регионите Мезда и Гаријан, во централниот и западниот дел на Либија, јави либиската агенција Џана.
„Воените позиции и цивилите на подрачјата Гаријан и Мезда вечерва беа мета на нападите на западните агресори, крстоносците и колонијалистите“, наведе агенцијата, пренесува Франс прес.
Жител на Гаријан, околу 120 километри југозападно од Триполи, за Франс прес изјави дека во градот одекнала голема експлозија, а потоа уште неколку експлозии со помал интензитет.
Според истиот извор, мета на нападот бил магацин со оружје и муниција.
Бунтовниците тврдат дека подрачјата на градовите Гарија и Мезда претставуваат бази на силите на либискиот лидер Моамер Гадафи, од каде започнуваат офанзивите на силите на Гадафи на градовите што ги контролираат бунтовничките сили. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

