Свет
Видео конференција за Либија
Видео конференција за Либија, Египет и израелско-палестинскиот конфликт, одржале вечерва Никола Саркози, Барак Обама, Дејвид Камерон и Ангела Меркел, соопшти Елисејската палата.
Видео конференција за Либија, Египет и израелско-палестинскиот конфликт, одржале вечерва Никола Саркози, Барак Обама, Дејвид Камерон и Ангела Меркел, соопшти Елисејската палата.
Претседателот на Франција, првиот човек на САД, британскиот премиер и германската канцеларка разговарале за ситуацијата во Либија и спроведувањето на Резолуцијата 1973 на Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН), се наведува во соопштението.
„Тие ја поддржаа конференцијата што утре ќе биде одржана во Лондон и на која меѓународната заедница ќе ја поддржи политичката транзиција во Либија“, се додава во соопштението.
Соговорниците го поддржале и процесот на транзиција во Египет и изразиле неопходност за придвижување на мировните преговори меѓу Палестинците и Израелците, пренесува агенцијата Франс прес. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

