Свет
Прв состанок на Контакт групата за Либија
Прв состанок на Контакт групата за Либија, на кој шефовите на дипломатиите на 40 земји ќе го разгледаат текот на операцијата во таа земја и ситуацијата по заминувањето од власт на либискиот лидер Моамер Гадафи, се одржува денеска во Лондон.
Прв состанок на Контакт групата за Либија, на кој шефовите на дипломатиите на 40 земји ќе го разгледаат текот на операцијата во таа земја и ситуацијата по заминувањето од власт на либискиот лидер Моамер Гадафи, се одржува денеска во Лондон.Франција, Велика Британија и САД го повикаа либискиот национален совет за транзиција, што го сочинува 31 претставник од разни либиски градови, да воспостави национален политички дијалог.Процесот треба да започне „со транзиција, уставни реформи и организирање на слободни избори“, наведуваат трите земји.На денешниот состанок ќе бидат присутни претставници на Катар, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, како и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, американскиот државен секретар Хилари Клинтон, како и бројни претставници од Европа.Претседателот на Комисијата на Африканската унија Жан Пинг исто ќе присуствува на состанокот.Поради критиките за воената интервенција, Русија не е поканета на состанокот, наведува еден анонимен руски официјален извор, а пренесува Интерфакс. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

