Свет
Талибаните освоија област во источен Авганистан
Милитантите на радикалното талибанско движење контролираат од вторникот окру во источната провинција Нуристан потиснувајќи ја локалната полиција, изјавил началникот на провинциската управа на минситерството за внатрешни работи, Шам ур-Рахман Нуристани
Според Шам ур-Рахман Нуристани, утринава околу 5 часот по локално време округот Вант-е-Вајгал во истоимената долина на границата со Авганистан паднал во рацете , на талибанските бунтовници. Според mинистерството за внатрешни работи на Авганистан, во масовниот напад врз позициите и патните пунктови на полицијата учествувале повеќе од 300 вооружени милитанти. Нуристани апелирал до централната власт да обезбеди итна поддршка за полициските сили кои отстапуваат под притисок на бунтовниците. Како што ги информираал претставниците на медиумите , самонаречениот портпарол на талибаните, Забиула Муџахид, во округот Вант-е-Вајгал бил „освоен при минимален отпор од про-владините сили“. Два дена претходно во провинцијата Кунар која граничи со Нуристан талибаните земаа во заложништво 50-ина полициски регрути, кои се враќаа од долината Вант-е-Вајрат каде што требало потпишуват договори со авганистнаското министерство за внатрешни работи за учество во локалната милицiја и да подигнат плaти. Засега нема никакви информации за нивната судбина Извори од министерството за внатрешни работи соопштија за медиумите дека локалните старешини преговараат со талибаните за ослободување на заробениците. Забиула Муџахид изјави дека некои од заложниците ќе бидат ослободени „доколку се заколнат дека нема да и’ служат на марионетската влада во редовите на министерството за внатрешни работи“. Сепак, како што навел ’портпаролот’ – „„за конечната судбина на повеќето затвореници ќе одлучи Шурата (Советот) на талибаните за зоната ’исток’“. Истовремено, извори од локалната администрација тврдат дека 19 од вкупно 50-те затвореници веќе се ослободени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

