Свет
НАТО целосно разединет ја започнува „Обединет заштитник“
НАТО денеска почнува да ја спроведува операцијата под негова команда во Либија, наречена „Обединет заштитник“, но наспроти таквиот назив, Алијансата воопшто не е обединета околу пристапот кон решавањето на либиската криза, пишува AFP.
НАТО денеска почнува да ја спроведува операцијата под негова команда во Либија, наречена „Обединет заштитник“, но наспроти таквиот назив, Алијансата воопшто не е обединета околу пристапот кон решавањето на либиската криза, пишува AFP.Северноатлантскиот сојуз, поточно десет негови членки, заедно со Бугарија која им се приклучи во среда, од денеска ја презема одговорноста за воздушните операции против Гадафи и неговите трупи, со цел да се заштитат либиските цивили, за што и го добија мандатот од ОН.Во изминативе две недели оваа операција ја предводеше меѓународна коалиција на чело со САД, Франција и Велика Британија, а НАТО и пред тоа беше задолжен за две други операции: контролата на спроведувањето на ембаргото за оружје и зоната на забранети летови.Агенцијата AFP пишува дека и меѓународната група за Либија, која во вторникот го одржа својот прв состанок, не е единствена околу начинот како да се отстрани Гадафи од власта и дали треба да се понуди азил или треба да се изведе пред воен суд. Уште едно битно прашање околу кое нема согласност е тоа дали на бунтовниците да им се даде оружје. За вооружување на бунтовниците се залагаат САД, Франција и Британија, додека на тоа жестоко се противат Белгија, Данска, Италија и Норвешка. Франција, САД и Британија се единствени во ставот дека треба интензивно да се бомбардираат силите на Гадафи, се додека не се постигне целта тој да престане да биде закана за либискиот народ. Од друга страна, Италија, а сега и се приклучи и Шпанија, се залагаат на Гадафи да му се даде азил. /крај/afp/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.
Свет
(Видео) Иран се подготвува за војна
Додека Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување на военото присуство на Блискиот Исток, Иран презема чекори за да ја демонстрира својата подготвеност за можен конфликт, вклучително со зајакнување на нуклеарните постројки и обновување на фабриките за ракети.
Иранските и американските преговарачи во вторник одржаа индиректни разговори во Женева, кои траеја три и пол часа, но не резултираа со конкретно решение. Иранскиот преговарач Абас Арагчи изјави дека е постигнат договор за „водечките принципи“, додека американскиот потпретседател Џ. Д. Венс рече дека Иран не ги разбира „црвените линии“ поставени од претседателот Доналд Трамп.
Сателитските снимки покажуваат дека Иран активно ги зајакнува своите воени бази и нуклеарни објекти. Во текот на последните месеци беа обновени клучни ракетни објекти, воздухопловни бази и фабрики за цврсто гориво, а повеќе нуклеарни постројки се покриваат со бетон и земја за да бидат заштитени од евентуални воздушни напади.
Satellite images show Iran building concrete shields over a sensitive military site, fortifying entrances at a location reportedly bombed by Israel in 2024 near Natanz amid tensions with the US.
Read more: https://t.co/XTuPAmV7CI pic.twitter.com/hGlv7rCEeC
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 18, 2026
Иран, исто така, го зајакна управувањето со воената структура, формирајќи нов Комитет за одбрана и назначувајќи воени ветерани на важни позиции, додека внатрешните протести беа брутално задушени.
Во меѓувреме, земјата одржа поморски воени вежби и демонстрации на моќ, вклучувајќи затворање делови од Ормутскиот теснец и заеднички операции со Русија, испраќајќи порака дека евентуална војна со САД би била тешка и скапа.
Експертите предупредуваат дека Иран брзо ги обновува своите ракетни и нуклеарни програми и дека конфликтот би бил комплициран и со висок ризик за сите страни.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.

