Свет
ЦИА распоредена во Либија, одобрена помош за бунтовниците
Агентите на ЦИА се распоредени во Либија за да воспостават контакт со бунтовниците и да ги управуваат воздушните удари на силите на меѓународната коалиција, објави Њујорк тајмс
Агентите на ЦИА се распоредени во Либија за да воспостават контакт со бунтовниците и да ги управуваат воздушните удари на силите на меѓународната коалиција, објави Њујорк тајмс, а телевизијата Еј Би Си јави дека претседателот на САД, Барак Обама одобри тајно пружање на помош на бунтовниците.
Според Њујорк тајмс, припадниците на ЦИА од пред неколку недели се присутни во Либија и се распоредени во мали групи, а нивната цел е да воспостават врска со бунтовниците на Гадафи и да ги одредат метите на воената операција.
Телевизијата Еј Би Си јави дека Обама потпиша меморандум со кои дозволи тајна акција во Либија за да им се помогнeме на бунтовниците, но дека тоа се уште не го вклучува нивното вооружување.
Белата куќа не реагираше на овие информации на американските медиуми, но повтори дека се уште не е одлучено дали САД на либијските бунтовници ќе им пружи помош во вооружувањето.
„Го повторувам она што претседателот го рече во вторникот: „никаква одлука не е донесена кога станува збор за вооружување на либиската опозиција или било која друга група во оваа земја. Ние не ја исклучуваме таа можност, но се уште во тоа не сме донеле дефинитивна одлука“ нагласи во своето вчерашно соопштение портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран почна нов бран напади
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека лансирал нов бран ракети и беспилотни летала кон земјите во регионот.
Облаци од чад се издигаа од област во близина на пристаништето во Абу Даби откако моќни детонации одекнаа над градот. Не е јасно што ја погоди областа.
Zayed Port in Abu Dhabi, UAE hit by Iranian strikes. pic.twitter.com/RUojLGQ087
— Shalinder Wangu (@Wangu_News18) March 1, 2026
Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos

