Свет
Уште еден близок соработник го напушти Гадафи
Либискиот лидер Моамер Гадафи го напушти уште еден близок соработник, јави радиото Ехото на Москва.
Либискиот лидер Моамер Гадафи го напушти уште еден близок соработник, јави радиото Ехото на Москва.Според информации на британскиот весник „Гардијан“, по министерот за надворешни работи, од Џамахирија побегнал и генералот Хуилди Хамиди, кој бил главен координатор во разузнавачката служба на Гадафи.Претходно шефот на либиската дипломатија Муса Хуса од Тунис побегнал во Велика Британија, каде што британските власти сè уште не му обезбедиле имунитет. /крај/ем/гар/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

