Свет
Брег на слоновата коска: Гбагбо пред целосен пораз

Силите лојални на избраниот претседател на Брегот на слоновата коска, Аласан Куатара навлегуваат во главниот град на земјата Абиџан од повеќе страни, со што последното упориште на претходниот претседател Лорен Гбагбо полека се претвора во воена зона, јавува BBC
Силите лојални на избраниот претседател на Брегот на слоновата коска, Аласан Куатара навлегуваат во главниот град на земјата Абиџан од повеќе страни, со што последното упориште на претходниот претседател Лорен Гбагбо полека се претвора во воена зона, јавува BBCГбагбо, кој владее со земјата една деценија, одби да ја предаде власта откако изгуби од Куатара на претседателските избори во ноември минатата година. ОН и целата меѓународна заедница го признаа Куатара за легитимен претседател на државата. Повеќемесечното инаетење на Гбагбо доведе до немири и насилства во кои животите ги загубија неколку стотици луѓе и се закани повторно да ја врат граѓанската војна помеѓу северот и југот на најголемиот производител на како во светот, која се водеше во 2002 и 2003 година.Според дописникот на BBC, повеќе полициски единици и командантот на воената полиција, Едуард Касарате, преминале на страната на Куатара. Во моментов единствено претседателската гарда и вооружената милиција составени од млади поддржувачи на Гбагбо го бранат поранешниот лидер.Воената полиција која го чуваше хотелот во Абиџан каде што Куатара неколку месеци беше во еден вид на домашен притвор се повлекла и движењето на Куатара повеќе не е ограничено. По улиците на Абиџан шетаат вооружени патроли на милицијата на Гбагбо, во потрага по поддржувачите на Куатара. Пред амбасадата на Мали дошло и до краток вооружен судир помеѓу француски војници, кои заедно со единиците од Африканската унија ги сочинуваат мировните сили на ОН во земјата и припадници на претседателската гарда. До немири дошло и на аеродромот во близина на градот, кој е пренатрупан со луѓе блиски на Гбагбо и нивните семејства, кој се обидуваат да побегнат од земјата. Дoписникот на BBC јавува и дека жестоки борби се водат околу зградата на државната телевизија, како и на пристапите на градот. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
СЗО загрижена поради бројот на заразени во Србија: Ситуацијата е сериозна

Директорот на канцеларијата на СЗО во Белград, Марјан Ивануша, коментирајќи го наглиот скок на бројот на новозаразени со коронавирус во земјата предупреди дека ситуацијата е сериозна затоа што Србија се наоѓа на четвртото место во Европа според бројот на новоинфицирани со коронавирус на 100.000 жители.
Веќе со денови, Србија има повеќе од 3.000 нови инфекции на дневна основа, а во вторникот и средата повеќе од 4.000, додека бројот на хоспитализирани повторно надмина 4.000.
Ова дополнително го загрозува веќе преоптоварениот здравствен систем систем, поради што медицинскиот дел од Кризниот штаб инсистира на заострување на мерките и општо затворање од најмалку една недела.
Предлогот е во тој период да бидат затворени сите трговски центри и угостителски објекти, а би работеле само продавниците за храна, аптеките и бензински пумпи, но само за полнење на гориво.
Кризниот штаб ќе донесе одлука за овие мерки на седницата закажана за во петок.
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека ситуацијата во Србија е сериозна, рече дека единствено што останува за борба против вирусот е да се почитуваат епидемиолошките мерки додека преку вакцинацијата не постигне колективен имунитет.
„И покрај успехот во вакцинацијата, треба да се има предвид дека бројот на оние кои не се вакцинирани и натаму е голем“, изјави Ивануша за белградска „Политика“.
Во средата, 16 пациенти починаа од инфекција со Ковид-19 во Србија, а коронавирусот беше потврден кај 4.056 лица меѓу 16.175 тестирани примероци.
Од почетокот на пандемијата во Србија, тестирани се 2.986.711 примероци, регистрирани се вкупно 470.941 случај на коронавирус, а досега официјално се пријавени 4.491 смртен случај, со стапка на смртност од 0,95 проценти.
Европа
Бројот на заболени во Англија намален за две третини во споредба со јануари

Вкупниот број на луѓе заболени од Ковид-19 во Англија опадна од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, објавија денес истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.
Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари било 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога беа евидентирани 1,57 проценти.
Сепак, тие додаваат дека прелиминарните резултати од февруари покажуваат дека бројот на заболени е зголемен во Лондон, на југоисток, како и на исток и во Вест Мидлендс, објави „Ројтерс“.
„Бројот на случаи во Англија продолжува да опаѓа, иако падот е забавен“, рече Стивен Рајли, професор по динамика на заразни болести на Кралскиот колеџот во Лондон, додавајќи дека падот мора да биде поголем за вакцинацијата да биде поуспешна.
Свет
Вулканот Пакаја повторно активен

Повторно се активира вулканот Пакаја кој се наоѓа на 2.522 метри надморска височина, на 20 километри од главниот град на Гватемала.
Вулканот испушта емисија на топла лава и облаци чад а експертите и властите внимателно ја следат неговата зголемена активност заради можни опасности за жителите кои живеат во близина, јави Ројтерс.
„Вулканот Пакаја има многу високо ниво на активност, со силни експлозии“, се вели во соопштението на Гватемаласкиот институт за сеизмологија, вулканологија и метеорологија.
Ројтерс известува дека засега не е наредена евакуација на околу 3.000 жители кои живеат во близина.
Портпарол на владината агенција за управување со катастрофи, Давид де Леон, рече дека тимовите за цивилна заштита вршат увид во неколку објекти кои можат да се користат како засолништа во случај на зголемена опасност од врела лава.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер